• Latest
Antony Blinken Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

САД го поздравија планот на Јужна Кореја за обештетување на жртвите на принудна работа во Јапонија

March 6, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

САД го поздравија планот на Јужна Кореја за обештетување на жртвите на принудна работа во Јапонија

March 6, 2023 09:51
in ВЕСТИ, СВЕТ
Antony Blinken Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Antony Blinken Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја поздрави како „историска“ најавата на Јужна Кореја за планот за обештетување на жртвите на принудна работа во Јапонија за време на војната.

– Ја поздравуваме таа историска најава, рече Блинкен и ја пофали „храброста и визијата“ на јужнокорејската и јапонската Влада.

Тој нагласи дека Сеул и Токио се два од најважните сојузници на САД и ја поздрави нивната работа за подобрување на билатералните односи.

Јужнокорејските власти денеска објавија план за обештетување на своите граѓани кои биле жртви на принудна работа за време на војната во Јапонија, со која Сеул сака да ги зајакне врските поради тензиите со Пјонгјанг.

И Јужна Кореја и Јапонија се клучни сојузници за регионална безбедност на САД против Северна Кореја.

Сепак, нивните билатерални односи беа затегнати долго време поради јапонската колонијална окупација на Корејскиот полуостров од 1910 до 1945 година.

Според јужнокорејските податоци, Јапонија за време на 35-годишната окупација регрутирала околу 780.000 Корејци за принудна работа, не сметајќи ги жените кои биле доведени во сексуално ропство од јапонските војници.

Министерката за надворешни работи на Јужна Кореја Парк Џин најави формирање јужнокорејска фондација за обештетување на жртвите и нивните семејства, но без директно јапонско учество.

Парк Џин изрази надеж дека Токио ќе одговори позитивно на таа одлука, „со доброволни придонеси од јапонските компании и целосно извинување“.

Новиот план на владата во Сеул бара локална фондација да прифаќа донации од големите јужнокорејски компании, кои имаат корист од воените репарации одобрени од Јапонија во 1965 година.

Министерот оцени дека овој историски договор е од суштинско значење за подобрување на врските меѓу Токио и Сеул.

„Соработката меѓу Кореја и Јапонија е многу важна во сите области на дипломатијата, економијата и безбедноста, во сегашната сериозна меѓународна ситуација и тешката глобална криза“, додаде јужнокорејскиот министер.

Веднаш реагираше јапонското Министерство за надворешни работи, наведувајќи дека јужнокорејскиот план ќе помогне да се „обноват здравите односи“ со Токио.

„Јапонската влада ги цени мерките што денеска ги објави јужнокорејската влада како обид за обновување на здрави односи меѓу Јапонија и Јужна Кореја“, рече јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши.

Tags: ЈапонијаЈужна КорејаСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ