САД и Јужна Кореја ќе имаат разговори за американско- јужнокорејскиот договор за слободна трговија на 5 јануари во Вашингтон.
Претседателот на САД Доналд Трамп се закани со повлекување од тој договор договорен во време на поранешниот американски претседател Барак Обама. Трамп сака промена на договорот за да помогне за намалување на американскиот трговски дефицит со Јужна Кореја кој е околу 28 милијарди долари.
Договорот е на сила од 2012 година. Во октомври Сеул се согласи да почне разговори со САД за негова ревизија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.