САД прават планови за воен напад врз Северна Кореја, со цел да се запре нејзината нуклеарна програма на вооружување, а Белата куќа драматично ги интензивира подготовките за воено решение, поради стравот дека дипломатијата не помага, изјавија неименувани извори за британскиот весник „Телеграф“.
– Една од опциите е уништување на местата од каде се лансираат ракетите, пред истите да бидат искористени за нова ракетна проба. И магацините за оружје може да бидат мета, тврдат неименуваните извори.
Тие додаваат дека целта е воено да му се покаже на Ким Џонг-ун дека Вашингтон е сериозен во напорите да стават крај на понатамошниот северноокорејски нуклеарен развој и да отпочнат преговори.
– Пентагон се обидува да најде опција која ќе овозможи напад врз Северна Кореја, изјавија двајца поранешни американски претставници запознаени со случајот и еден актуелен претставник на американската администрација.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.