Руски воени хакери стојат зад серија напади со „DDoS“ кои накратко ги прекинаа веб-страниците на украинските банкарски и владини услуги, објавија Соединетите држави и Обединетото Кралство, објави Ројтерс.
Заменик-советникот за национална безбедност на САД, Ен Нојбергер, им рече на новинарите во Белата куќа дека Вашингтон ќе бара одговорност од Русија за нејзините агресивни потези во сајбер-просторот.
Веруваме дека руската влада е одговорна за широко распространетите напади врз украинските банки оваа недела“.
Нојбергер рече дека Американците имаат податоци кои покажуваат дека инфраструктура поврзана со руската воена агенција, општо позната како ГРУ, „приметено е како пренесува голем обем на комуникации до ИП-адреси и домени во Украина“.
Русија негираше каква било улога во DDoS, кој нанесе релативно ограничен прекин во вторникот.