Американските власти виделе „веродостојни извештаи“ за намерни руски напади врз цивили и документираат дејствија што би можеле да претставуваат воено злосторство, изјави во неделата американскиот државен секретар Антони Блинкен, пренесува Вашингтон Пост.
„Видовме многу веродостојни извештаи за намерни напади врз цивили, што би претставувало воено злосторство“, рече Блинкен за „State of the Union“ на Си-Ен-Ен. „Видовме многу веродостојни извештаи за употреба на одредени оружја.“
Вкупно 364 цивили се убиени, а 759 се повредени од почетокот на борбите на 24 февруари, според Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации.
Зборувајќи на денот познат како „Недела на прочка“ на православните христијани, украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео порака изјави:„Нема да простиме“.
Тој рече дека ветувањата за „хуманитарни коридори“ кои ќе им овозможат на цивилите безбедно да избегаат не се реализирани и тој го осуди убиството на семејството во бегство во Ирпин.
Во јужниот град Мариупол, локалните власти изјавија дека руското гранатирање го спречил нивниот последен обид да ги извлечат луѓето.
Извор: Фронтлајн