• Latest

Сакаме живот, не сакаме да се плашиме!

September 15, 2016
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сакаме живот, не сакаме да се плашиме!

September 15, 2016 17:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на прилепските села Бела Црква и Воѓани се крајно разочарани од власта. Сите досегашни ветувања дека ќе се подобри состојбата во земјоделството, не им се остварени. Наместо да си обезбедат подобар живот, од секојдневната, деноноќна работа по нивите, тие тврдат дека се презадолжени. Имаат подигнато кредити од банките, а ратите не можат да ги плаќаат редовно. На некои од нив им се блокирани сметките, а други живеат во страв дека извршителите секој момент ќе им затропаат на врата. Тие тврдат дека субвенциите им се исплаќаат парцијално, а никој од надлежните не им ги соопштува причините зошто е тоа така. И сега, при откупот на пиперката „капија“ наменета за ајвар, по просечни цени од петнаесеттина денари за килограм, тие се гневни на власта, затоа што парите за предадениот род ќе ги добијат следната година. Но, велат, што дотогаш?!

Жителите на Бела Црква ги споделија своите проблеми со екипата на ЦИВИЛ Медиа, но инсистираа на анонимност. Живеат  во страв дека може да им се изречат казни, а дека нивните најблиски ќе бидат изложени на разни политички притисоци.

Нашиот соговорник е разочаран од власта. Вели, политичарите доаѓаат само за време на избори, а потоа, никој не се интересира за реалните проблеми и животот на земјоделците.

„Какви политичари, ние не знаеме дека тие постојат. Само кога ќе се гласа доаѓаат во селото, а потоа, очи не можеш да им видиш! Овде има работи коишто треба вулгарно да се изразат, разбираш? Толку се арогантни тие во Владата, што не мислат за овој сиромашен народ!“, додава овој револтиран човек, гневен на власта.

И многу други жители од  селото се лути на власта. Велат дека овој притисок не можат веќе да го издржат. Ги чекаат изборите и се надеваат на подобри услови за живот.

с. Бела Црква

„Стравуваме за нашиот опстанок, сите, секој од нас… Во селото жителите, најголем дел се поделени меѓу двете партии, владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозиционата СДСМ. И што се случува? Иако условите за живот се претешки, оние кои ја поддржуваат власта, молчат, не зборуваат. Се плашат и тие, бидејќи ќе имаат закани, ќе имаат последици… Овие другите пак, критикуваат се, и од нив само лошо ќе чуеш. Не оти овде нешто добро се случува… Ние сме незадоволни, затоа што оние првите неколкумина, си ги вработија децата, а ние другите живееме со маките. Доста ни е од поделби! Сакаме живот, не сакаме веќе да се плашиме од инспекции, инспектори, од казни… Ако ви кажам јавно дека нема откуп, дека никој не води сметка за нас земјоделците, дека цената на пиперката е мизерна и дека ние коишто цела година сме по нивите едвај ќе преживееме, ќе ми дојдат инспектори на врата! И, што потоа?“, вели овој млад земјоделец.

По посетата на Бела Црква, заминавме во соседното село Воѓани. И таму жителите не пречекаа во страв! Дури одбиваа секаков контакт со екипата на ЦИВИЛ Медиа, иако како што рекоа, условите за живот им се претешки, а парите коишто ги заработуваат од земјоделство, не им се доволни за пристоен живот.

ВОЃАНИ

„Ајде, продолжете на друго место. Досега фајде од медиуми овде никој не видел. Се е како што треба, субвенциите се исплатени, се е добро и нема што да се снима овде“, ни рече еден од групата граѓани, собрана пред селскиот дуќан.

Другите, како да беа во дилема, дали да ги поделат со нас своите проблеми. Се погледнуваа еден со друг…

„Кажете таму и напишете, дека овде во Воѓани, ништо не е добро, работите ич не чинат, ама немојте да снимате, немојте со имиња, никој не сака проблеми, доволно ги имаме… Сега можете да продолжите, понатаму, одете на друго место“, ни рече еден од похрабрите.

При заминувањето од Воѓани по асфалтниот пат, затекнавме неколку млади момчиња, кои како што рекоа имаат само една желба – што поскоро да заминат во странство! Воопшто не се надеваат дека условите за живот некогаш ќе бидат подобри, а не сакаат да им помине животот во немаштија, во мизерни услови, и еден ден да личат на своите родители.

„Каква иднина тука, зошто да останеме во Македонија? За по дваесеттина години да се жалиме како и нашите родители дека нема пари за пиперките, дека кромидот завршува на депонија…, да немаме пари за пристоен живот…? Не, тоа нема да си го дозволиме! Ќе извадиме бугарски пасоши и ајде надвор! Светот е пред нас, кој сака нека остане и нека се занимава со тоа кој е на власт и кој треба да биде. Нам не ни требаат лажни ветувања за тажни и несреќни луѓе“, ни рекоа овие млади луѓе, единствените жители на Воѓани, на чии лица, забележавме насмевки.

Моника Талеска

Tags: Бела ЦрквавластземјоделциизбориМоника ТалескапритисоцистравЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ