• Latest

Сали: Услов за укинување на превентивните мерки е зголемување на процентот на имунизација

February 9, 2022

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Сали: Услов за укинување на превентивните мерки е зголемување на процентот на имунизација

February 9, 2022 21:05
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Услов за укинување на превентивните мерки како носење маски, дезинфекција и дистанца, според министерот за здравство Беким Сали е зголемување на процентот на имунизација на населението. Сепак, со ова темпо на имунизација, според него, ќе се најдеме во ситуација пандемијата во светот да заврши, а кај нас да продолжи уште некој месец, пренесува МИА.

– Гледаме коментари дека Данска и Велика Британија ги укинала мерките, но таму процентот на вакцинација е 86, а во Италија – 91 отсто, а кај нас е 41 процент. За жал, врз основа на што да ги укинеме ние мерките, изјави вечерва министерот Сали во гостувањето на телевизија Канал 5.

Намалената вакцинација, според Сали, се должи и на тоа што кај дел од јавноста има недоверба во квалитетот на вакцините, за што увери дека сите вакцини се чуваат на соодветно и препорачано место.

– Добиените вакцини од Италија имаат рок до крајот на јули годинава. Веќе преземаме мерки и ова е дел од таа кампања дека имаме безбедни вакцини, а на тие што им е поминат рокот ќе бидат соодветно уништени, изјави Сали.

Комисијата за заразни болести веќе иницирала внатрешна дебата за преземање конкретни мерки за вакцинација, со фокус на пациенти кои се во најризичните групи и кои се најчесто хоспитализирани. Сали, информираше дека тоа се пациенти над 50 години, со дијабет, хипертензија, невромускулна болест, за кои ќе се направи кампања да бидат повикани и да им се каже дека се таргетирани како потенцијален ризик по нивното здравје.

– Вакцини има и се безбедни. Низ државата има околу 40 вакцинални пунктови и доволно е граѓаните само да пристапат и се вакцинираат, изјави Сали.

Министерството за здравство е во фаза на преговори со производителот „Фајзер“ за набавка на лекот против КОВИД-19, но според министерот за здравство Беким Сали, тоа е процес и не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.

– Изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме кон преговори за набавка на лекот, но кога ќе биде тоа не можам да прецизирам. Изразивме интерес и пристапивме конкретно кон следна фаза на преговори и договор за набавка, изјави вечерва Сали во гостувањето на телевизија Канал 5.

Протокол за лекување од КОВИД-19 постои, вели Сали, посочувајќи дека тој е напишан на повеќе од 35 страни од професори на Инфективна клиника и е на располагање на сите здравствени институции.

– Во период од две години тој има претрпено одредени измени, врз основа на сите соеви кои се појавиле кај нас. Да напоменам дека ние знаеме само околу четири соеви кај нас, а во светот се околу 50. Жалам што одредени лекари можеби не ги следеле овие постапки и дејствувале по кратки протоколи кои ги земале од соседни држави. Но и тоа не е грешка, да се следи пример од соседна држава која успешно се справува со пандемијата, изјави Сали.

На вчерашната седница на Комисијата, нагласи Сали, било разговарано како да се овозможи јавно достапен протокол за лекување, а тој да не биде злоупотребен.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ