• Latest
24 ЧАСА Самит Западен Балкан -ЕУ

24 ЧАСА: Самит Западен Балкан-ЕУ; Западен Балкан треба да биде интегриран во ЕУ, порача Вархеји; според Фридом Хаус, Северна Македонија е делумно слободна земја

February 29, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Самит Западен Балкан-ЕУ; Западен Балкан треба да биде интегриран во ЕУ, порача Вархеји; според Фридом Хаус, Северна Македонија е делумно слободна земја

February 29, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
24 ЧАСА Самит Западен Балкан -ЕУ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Лидерите на Западен Балкан се собраа денеска во Тирана на Самит посветен на европската интеграција на регионот и спроведувањето на Планот за раст за Западен Балкан. Учесниците на самитот во Конгресната палата ги пречека албанскиот премиер Еди Рама, кој е домаќин на средбата. На самитот дојдоа премиерот на Северна Македонија, Талат Џафери, претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Албанските медиуми пренесоа дека  претставниците на Косово и Црна Гора нема да бидат физички присутни и дека косовскиот премиер Албин Курти испратил видео порака до собирот.

Премиерот Џафери, во своето обраќање се осврна на определеноста и посветеноста на Владата на Република Северна Македонија за успешното спроведување на Планот за раст за Западен Балкан, со оглед на фактот дека овој План, потенцијално ќе го промени регионот и ќе го забрза неговото придвижување кон Европската Унија.

На Конференцијата беше усвоена заедничка изјава на лидерите од Западен Балкан, во насока на понатамошната институционална соработка меѓу државите, со прецизирање на конкретните чекори и иницијативи за реализација на оваа важна цел за квалитетот на живот на граѓаните во целиот наш регион, се вели во соопштението од Владата на Северна Македонија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Западен Балкан треба да биде интегриран во ЕУ, која мора да ги понуди сите придобивки од членството. Остана половина од времето за спроведување овој план, затоа регионот ќе треба брзо да напредува за да ги заврши реформите. Мора да ги примените правилата на ЕУ. Може да станете дел од европскиот пазар и пред да станете член на ЕУ, изави европскиот комесар за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји, на самитот Западен Балкан – ЕУ.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Пентагон размислува дали да го искористи последниот преостанат извор на финансирање што го има за воена помош за поддршка на воените напори на Украина против Русија дури и без гаранции дека тие средства ќе бидат надополнети од Конгресот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СЛОБОДА Северна Македонија во извештајот на Фридом Хаус за 2023 година бележи скок од еден поен, и понатаму останува во категоријата делумно слободни земји.

ИНТЕГРАЦИИ ЕП усвои Извештај со кој бара укинување на ветото при гласањето за проширувањето на ЕУ.

ЕНЕРГИЈА ЕСМ Снабдување со топлина денеска преку соопштение информира дека субвенции на цената на топлинска енергија за домаќинствата ќе има и во месеците јануари, фавруари, март и април.

АЛ – ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Во Тирана Самит на балканските лидери; Вучиќ побарал изјавата на Самитот за Украина да биде без „санкции против Русија“

АНАЛИЗИ

„Одамна востановен факт е дека руските специјални служби имаат искуство во спроведување масивни пропагандни операции и водење хибридни војни. Нивната пропагандна „традиција“ започнува уште во почетокот на 20-те години од минатиот век, а досега имаа цел еден век за развивање на доктрините и стратегиите за замаглување на вистината и искривување на фактите во корист на нивните воено пропагандни цели – постојано загрозување на интересите на демократскиот Запад, во прв ред САД и западноевропските држави“, пишува Џабир Дерала во анализата „ПРОПАГАНДНАТА ВОЈНА И ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Најскапата операција во историјата на руските специјални служби“.

„Па, се разбира, жена“ – нè заплиснува со својата енергичност, па и лутина од екранот една пазарџика, која додава дека сите други (!), значи мажите, се покажале „фотелјаши“. Анкетата е просто уфрлена во стартот на утринската програма на Македонската телевизија, кога очекувате вести кои треба да ви бидат ориентир за тој ден со вести да проодноста на патиштата, ќе има ли некој кварт струја и вода…, пишува Љубир Костовски во анализата „БАЛАНСИРАНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Како „неутралните“ телевизии ги селектираат вестите?“.

Подготви: Б. Јордановска

 

Tags: ДневникСамит Западен Блакан-ЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ