• Latest

Самитот на НАТО првпат ги обелодени поделбите помеѓу сојузниците

July 13, 2018

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Самитот на НАТО првпат ги обелодени поделбите помеѓу сојузниците

July 13, 2018 12:42
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека вниманието на македонската јавност беше целосно свртено кон поканата за влез во Алијансата, Самитот на НАТО всушност се занимаваше со разликите помеѓу САД и европските сојузници, кои долги години беа туркани под тепих: придонесите на членките кон буџетот на Алијансата и односите со Русија.

За разлика од европските самити, средбите на шефовите на држави и влади во рамките на НАТО ретко привлекуваат голем број новинари, ниту пак ја возбудуваат јавноста. Но, Доналд Трамп, со неговата непосредност и непредвидливост, не само што од оваа средба направи еден од најследените настани во светот, туку првпат на неговите трансатлантски сојузници им стави на знаење дека нема да користи дипломатски речник кога станува збор за американските барања.

По завршувањето на Самитот вчера, Трамп со победнички речник најави дека добил се што побарал, дека Сојузниците се сложиле да ја зголемат стапката за одбрана на два отсто од БДП побргу од зацртаната 2024 година, па дури и дека се согласиле да постигнат четири проценти.

Кусо потоа беше демантиран од францускиот претседател, Емануел Макрон, кој, повикувајќи се на завршната декларација од Самитот, истакна дека заложбите остануваат истите оние зацртани во 2014, а тоа се два отсто од БДП до 2024. Ниту повеќе, ниту побргу.

Иако е јасно дека Трамп имаше потреба да приложи успех за домашната јавност, ваквиот однос ги загрижува останатите сојузници, особено по судирот на Самитот на Г-7 во Канада, и во контекст на растечки трговски тензии и се поодалечени визии од двете страни на Атлантикот за тоа како да се управува со руската закана. На ова треба да се додаде престојната средба на претседателот Трамп со Владимир Путин на 16 јули, на кои е сосема неизвесно што може да се случи, дали Трамп навистина, како што напиша на Твитер, би можел да ги помести американските линии во однос на признавањето на Крим и режимот на Башар ал Асад во Сирија.

Според дипломатски извори во НАТО барањето на Трамп да се зголемат стапките на два отсто веднаш, а потоа на четири проценти, било прифатено само од една земја, балтичка. Додека пак на нападите на американскиот претседател врз Германија за Северен поток, канцеларката му одговорила очи во очи на билатерална средба, на која таа му објаснила дека всушност само 37 отсто од гасот во Германија потекнува од Русија, а не 70 отсто, како што тврдеше Трамп на појадокот со генералниот секретар на НАТО.

Трамп ги нападна сојузниците од самото пристигнување на белгиско тло, кога на појадокот со Столтенберг, додека сѐ уште беа присутни камерите, упати низ недипломатски пораки и напади, особено кон Германија. Потоа, на првата работна сесија, тој ги повторил истите забелешки во кус говор околу масата.

Бурата се засилила на работната вечера, кога сојузниците побарале од американскиот претседател да зборува за неговите односи со Северна Кореа и со Русија и Путин, раскажуваат западните дипломати. Трамп целосно ја изигнорирал темата за Русија, и многу малку детали дал за суштината на односите со Севена Кореа, но зборувал за Елтон Џон и за голф, по што Французот Макрон, Луксембуржанецот Бетел и Белгиецот Мишел напуштиле и заминале „на пиво и помфрит“ на главниот бриселски плоштад.

Кулминацијата се случила вториот ден, 12 јули, на состанокот за Украина, на кој впрочем и многу малку се зборувало за Украина. Трамп, кој задоцнил на средбата, изгледал гневен и повторил дека САД носи преголем товар во НАТО и дека другите сојузници мораат да ги зголемат трошоците. Лично ги именувал Ангела Меркел, Педро Саншез и Шарл Мишел, пренесуваат дипломатски извори.

Трамп зборувал околу 15 минути и побарал „до крајот на оваа година“ да постигне стапката од два отсто, а подоцна четири. Според сведоци на состанокот, дури ни американската делегација не била информирана за содржината на барањата на американскиот претседател, уште помалку за гневниот тон со кој тој ќе настапи. Дипломати тврдат дека министерот за одбарана Џејмс Матис дури и ја напуштил средбата неколку минути.

Другите лидери му одговориле еден по еден, додека во салата се уште седел и украинскиот претседател, бидејќи средбата била посветена на Украина. На украинската средба и бил ставен крај, и се свикала итна средба, поради што завршните прес конференции на Самитот, како и церемонијата за Македонија, беа одложени за неколку часа.

Итниот состанок бил само помеѓу 29-те лидери, само на само, без дипломати и министри.

Состанокот бил „напнат и тежок“. Трамп не отстапил од барањата и се заканувал, но без тие закани да бидат конкретни. Наводно тој рекол дека ако не го добие тоа што го сака „ќе се однесуваме поинаку“, но без повеќе детали. Трамп ја критикувал бирократијата на НАТО и новата зграда на седиштето која чинеше повеќе милијарди евра.

Според извори присутни на состаноците, Трамп се почувствувал „навредено“ затоа што другите сојузници не ги сфатиле „сериозно“ неговите барања, како и поради начинот на кој тој е третиран во медиумите во Европа.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, имал разбирање за Американецот и се обидел да изгради компромис и да му стави на знаење на Трамп дека е слушнат и почитуван, раскажуваат дипломатски извори.

Столтенберг впрочем на завршната прес конференција го пренесе тонот на почитување кон американските барања, истакнувајќи дека „сите разбравме дека овој американски претседател е многу сериозен кога станува збор за трошоците за одбрана и тоа има реален импакт“.

– Поради силното лидерство на Трамп за трошоците за одбрана, имаме ново чувство на итност, рече Столтенверг на прес конференцијата.

Трамп од своја страна тоа го претстави како голема победа на неговата администрација, додека другите европски лидери настапија со многу помал ентузијазам на своите завршни прес конференции. Повеќе од нив посочија и дека Трамп ниту еднаш не се заканил дека САД ќе ја напушти Северноатлантската алијанса, како што известија некои медиуми.

Барањата на Трамп за поголем придонес на сојузниците во одбраната не се ништо ново, тие беа константа и на претходната администрација на Барак Обама, поради што и беа запишани   новите цели од два отсто до 2024 на Самитот од 2014 година.

Трамп, за разлика од неговиот претходник, јасно стави на знаење дека нема да ги штеди сојузниците ниту пред јавноста, ниту на затворените состаноци.

Европските лидери треба допрва да преговараат со американскиот претседател за трговските ресктрикции воведени од неговата администрација, а до тогаш будно ќе го следат и претстојниот состанок со Владимир Путин в понеделник. (МИА)

Tags: Владимир ПутинДоналд ТрампНАТОСамит на НАТОсредба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ