Во поново време се појавуваат насекаде пропагатори кои сакаат да ги воскреснат тие злосторнички идеологии или да ги надградат со акти на тероризам во различен облик или во поблага и завиткана форма како бомбонче да влезат во одреден парламент како политичка партија и да сеат омраза и нетолеранција. Затоа на луѓето во целиот свет им требаат нашите размислувања и предлози за изградба на траен мир и длабока соработка меѓу религиите, меѓу нациите за да се зачува единството на човечкиот род и еднаквите права за сите луѓе.
Затоа мора да констатираме, дека само преку дијалог, темелен врз целосно меѓусебно почитување и почитување на различностите и вредностите на другите може да се сочува мирот, да се реализираат заедничките задачи и да се следат највисоките идеали на современиот свет.
Стевче Дечев
20 ноември 2020