Граѓаните на Косово денеска гласаа за нов состав на Собранието. Според досегашните официјални резултати, Движењето “Самоопределување” предводено од социјалдемократот Албин Курти доби околу 50 отсто од гласовите. Исто така и анализите на институтите за истражувања на трите највлијателни телевизии предвидуват сличен резултат.
Со оваа бројка, партијата ка Курти обезбедила околу 55 пратенички места од вкупно 120, каде 20 се обезбедени за немнозинските заедници.
Но, овој резултат се очекува да расте откако ќе се избројат гласовите од иселениците каде за гласање се јавиле уште 100.000 гласачи, а точниот број на тие кои гласале ќе се дознае откако ќе пристигнат гласовите по пошта. Меѓу иселениците според неофицијални податоци исто така најмногу гласови очекува листата предводена од Курти.
Арбен Зеќири