• Latest
Петрит Сарачини

Сарачини: Жените секојдневно се жртви на сексуално насилство и вознемирување, потребни се коренити мултидимензионални реформи

February 3, 2021
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Сарачини: Жените секојдневно се жртви на сексуално насилство и вознемирување, потребни се коренити мултидимензионални реформи

February 3, 2021 14:32
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

Случувањата со „Јавна соба“, сексуалното насилство и вознемирување на жените и малолетниците беа фокус на емисијата „200“ на новинарот Назим Рашиди на ТВ Алсат, во која учествуваше и медиумскиот истражувач и активист на Цивил, Петрит Сарачини, кој зборуваше за начинот на кој овие теми се рефлектираат во интернет просторот и на социјалните мрежи. Сарачини констатираше дека жените секојдневно се соочуваат со директни и индиректни сексуални напади и вознемирувања, и дека тоа е последица на повеќе општествени фактори.   

„Видете, велат дека вината е секогаш сирак, но за сè може да се конкретизира. Вината, најпрвин е кај насилниците, тие кои вршат насилни дејства кон жените, било сексуални, индиректни или директни. Не само типови кои ја имаат оваа позиција поради интимниот пристап кон одредено лице, туку типовите кои имаат моќ, како работодавачи или некој авторитет. Еве гледаме случаи на наставници, кои го злоупотребиле нивниот авторитет за да уценуваат жени. Тргнувајќи од оваа вина, потоа можеме да побараме вина за тоа  – кој ги гради овие луѓе? Ги гради семејството, медиумите, образованието, средината. Виновниците лесно се наоѓаат преку анализа. Потоа можеме да се запрашаме: кој ги гради овие медиуми, овој општествен систем, ваквото деградирано образование, овој простор каде што комуникацијата е насилна, нема умерена комуникација, искрена, директна, без пцости и навреди?“, запраша Сарачини во неговото гостување во „200“.

Според него, за пресврт и менување на состојбите се потребни длабоки реформи во повеќе сфери, од кривичната сфера, па сè до едукација на најмладите.

„Сето ова ни кажува дека, доколку сакаме да направиме пресврт, треба да влеземе до длабински мултидимензионални реформи, почнувајќи најпрвин на кривичната сфера, за која зборувавме пред малку во емисијата, па се до образованието на најмалите. Значи, уште од најмала возраст да изразуваме почит еден кон друг, да го разбереме родот или полот, не едноставно како категорија за репродукција. Тоа е филозофија сама по себе. Целото сексуално битие на човекот не е поврзано само со сексуалните органи“, истакна Сарачини.

Сарачини потсети и на претходни случаи познати за јавноста, кога жртви на жестоки вербални напади на полни сексизам  и мизогинија поради нивни јавни ставови беа и политичарката Арта Точи од Алијанса за Албанците или пред тоа Ермира Мехмети од ДУИ.

„Ова не го прават луѓе кои паднале од небо на интернет, туку се луѓе кои живеат во ова општество. Кога вие ја силувате жената на овој начин за различни теми во јавноста, ја дамкосувате, ја озборувате, и го споменувате семејството итн. Што да зборуваме за ситуација кога жената е сама во непосредна комуникација со едно такво насилно лице“, рече Сарачини.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ