Средбата за вмрежување „Каква промена правиме?“ и тематскиот форум „Соработка меѓу Владата и граѓанското општество“ на програмата Цивика Мобилитас започнаа со говор на швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Техада денеска, во Охрид.
Програмата која ја поддржува Швајцарската агенција за развој и соработка, меѓу другото, е посветена на поддршка на граѓанското општество, како и соработката меѓу различните општествено-политички чинители. „Ја согледавме моќта на соработката за време на Шарената револуција, но дури и повеќе за време на последните два изборни процеси кога посведочивме на надетничко гласање“ – рече амбасадорката Сутер Техада.
Петрус Тенјус, меѓународен тим лидер на Цивила Мобилитас говореше за промените кои граѓанското општество ги прави во една земја, осврнувајќи се на главниот слоган на програмата: „Граѓаните за промени“.
Александар Кржаловски, директор на МЦМС и национален тим лидер на програмата, меѓу другото кажа дека „Македонија минува низ најдраматичните промени од падот на Милошевиќ до денес“.
Ова е еден од најголемите собири на граѓанските организации во последниве неколку години. Повеќе од 160 лидери на граѓански организации од целата земја се дел од средбата за вмрежување и тематскиот форум на Цивика Мобилитас.
Џ.Д.