Саудиска Арабија одлучи да купи оружје во вредност од седум милијарди долари, произведено од компании за воена индустрија на САД, соопштија добро информирани извори.
Можно е некои конгресмени да се спротивстават на зделката, бидејќи американското оружје е причина за смртта на цивили при саудискиот напад во Јемен. Избраните компании се „Рејтин“ и „Боинг“, кои одбија да коментираат.
Договорот е дел од зделката за набавка на оружје во вредност од 110 милијарди долари, склучена за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Саудиска Арабија во мај оваа година.
Продажбата на оружје на Ријад и други земји од Советот за соработка во Персискиот залив е се поспорна тема во Конгресот на САД, кој треба да ја одобри зделката. Стејт департментот се уште не ги информирал конгресмените за договорот.
„Ние не потврдуваме или демантираме продажби, додека Конгресот не биде официјално информиран за нив“ – изјави претставник на Стејт департментот.
Според претставник на американската Влада, договорот опфаќа период од десет години, а до првата реална испорака на оружје може да поминат повеќе години.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.