Шарлотсвил, САД, сè уште е во центарот на вниманието на американските и светските медиуми. CNN тукушто го објави и името на жртвата, 32-годишната Хедер Хејер, која настрада откако неонацист влета со својот автомобил во групата демонстранти кои маршираа против расизмот и екстремизмот. Во овој напад беа повредени уште 19 лица. Во текот на протестите, се урна полициски хеликоптер, при што настрадаа двајца полицајци.
Гувернерот на Вирџинија, Тери Меколиф, во своето обраќање за јавноста, остро и кратко им порача на белите супремисти и нацистите кои дошле во Шарлотсвил: Go home! (одете си дома). Според критичарите, претседателот Трамп не ги осудил екстремистите јасно и директно, туку го осудил насилството воопшто.
Светските медиуми објавија голем број видео снимки од овие потресни настани, снимени од граѓанските новинарки и новинари.