ЦИВИЛ – Центар за слобода и Александар Кондев со заедничка прес-конференција, утре, среда, со почеток во 11 часот во паркот Жена-борец, спроти Собранието, ќе ја најават мултимедијалната изложба и хепенинг „Протест(и)“.
Изложбата го опфаќа периодот од протестите за Мартин Нешковски, па натаму. Датумот на одржување на овој мултимедијален хепенинг се совпаѓа со почетокот на Шарената револуција.
„Протест(и)“ на Александар Кондев се инспирирани од шестгодишно протестирање, документирано со над 10.000 фотографии.
Поканети се сите граѓанки и граѓани, учеснички и учесници во Шарената револуција да дојдат, да се пронајдат на фотографиите и да се потпишат на Револуцијата, на 12 април, четврток, 17 часот во паркот на Жена-борец пред споменикот на Прометеј.
Мултимедијалниот настан финансиран и поддржан од Собрание на Град Скопје и Министерството за култура, а во организација и заедничка соработка на Александар Кондев, фотограф, со ЦИВИЛ – Центар за слобода, Кирил Михаилов, архитект, Ирена Стеријовска, режисерка и граѓанска активистка и студиото „Imagine“.
ЦМ