• Latest

Шекеринска: Македонија и САД во цврсто стратешко партнерство

April 27, 2018
Фото: УНИЦЕФ

УНИЦЕФ: Децата и младите против врсничкото насилство и говорот на омраза на интернет

June 2, 2025
Фото: миа.мк

Нова рунда преговори Белград-Приштина во Брисел

June 2, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

Реформска агенда: „Жежок“ јуни за Македонија, ја чека многу работа за да ги добие парите од ЕУ

June 2, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Час поскоро преговори за членство во ЕУ, расчистување на криминалот, вработувања за невработени со факултет- и порачаа граѓаните на власта

June 2, 2025
Фото: Претседател на Украина

Зеленски, Руте и лидери од ЕУ во Вилнус: Фокус на НАТО и Украина

June 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
CBS Mornings

Тајни сириски разузнавачки досиеја покажуваат дека исчезнатиот американски новинар бил затворен од режимот на Асад

June 2, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за проектите Коридор 8 и 10?

June 2, 2025

КОРИДОРИ: Експресните возови и црвениот сигнал на неефикасноста

June 2, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски: Очекувам да бидеме во првите пет економии во Европа во првиот квартал од оваа година

June 2, 2025

Лекарот од Газа кој загуби девет деца во израелски воздушен напад почина од повредите

June 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Македонија и САД во цврсто стратешко партнерство

April 27, 2018 10:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Делегација преводена од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, деновиве е во посета на САД. Во Вашингтон во Атлантскиот совет синоќа учествуваше на дебатата насловено „Членството во НАТО преку призмата на Македонија: Високиот влог во глобалната безбедност и судбината на демократиите на малите земји“. Веднаш по излагањето Шекеринска во интервју за МИА даде оценка за македонско-американските односи и ја објасни целта на нејзините работни средби деновиве во Стејт департментот, на Капитол Хил и во Пентагон.

Како ги оценувате односите меѓу Македонија и САД? Дали очекувате Вашингтон поактивно да се фокусира на Балканот со проактивна улога во решавањето на спорот со името, но и да издејствува покана за членство во НАТО на претстојниот самит во Брисел во јули?

– Односите меѓу Македонија и САД се односи на стратешки партнери. Договорот за стратешко партнерство го потпишавме во 2008, но тоа е присутно на дело уште од почетокот на 1990-те години. Подршката што од САД ја добиваме во делот на одбрана, демократски реформи во државата, признавањето под уставно име, подршката на невладните организации и слободните медиуми, но особено политичката подршка што ја добивавме во 2001 година и потоа, покажа дека имаме заеднички интерес, а тоа е стабилен Балкан, регион свртен кон демократските вредности кои водат кон напредок.

Но, во 2008 видовме дека дури и силната подршка на САД понекогаш не е доволна. И покрај изјавата на тогашниот претседател Џорџ Буш Македонија не доби покана за членство во НАТО. Од тоа искуство треба да учиме, дека не треба да очекуваме некој друг да ги реши нашите проблеми и да отвара врати за нас. Затоа сме фокусирни на решение на проблемот што остана, а тоа е спорот со Грција. Целта на оваа посета е да ја бараме подршката од САД за нашите реформи и за покана во НАТО. Не очекуваме подарок, туку заслужена покана и поддршка.

Какви очекувања имате од претстојната средба во Пентагон со вашиот американски колега Џемјс Н. Матис? Дали има најава за проширување на статешкото партнерство, дали ќе договарате можни набавки на воена опрема и оружје од САД и кога ќе бидат идните заеднички воени маневри и обука на припадници на АРМ?

Целта е да разговараме за развивање на нашето стратешко партнерство преку отварање на шансите за членство во НАТО и преку повидливи резултати во делот на нашата воена соработка што веќе ги постигаме. Значајно е да се истакне дека советниците од САД и Велика Британија учествуваат во Стратегискиот одбранбен преглед, клучен документ за развој на одбраната и Армијата во наредните години.

Нивото на финансиски и воени поддршки што Македонија ги добива е навистина големо, но долги години тие поддршки беа малку користени и новата Влада покажа дека е подготвена да ги користи. Ќе разговараме за заеднички воени вежби во рамки на Јужното крило на НАТО. Ова лето американските единици во рамките на КФОР мисијата во Косово ќе реализираат вежби заедо со припадниците на АРМ во Криволак. Македонија во 2019 година се подготвува да биде дел од голема воена вежба на НАТО.

Во Вашингтон се среќавате со неколку официјални лица од Стејт департментот и сенатори од Капитол хил. Во Стејт департментот се среќавате со Елизабет Милард и Метју Палмер, замениците на државниот секретар за Европа и Евроазија. Во една од поранешните Влади вие бевте вицепремиер и координатор за евроинтеграции. Што очекувате од овие и од средбите со сенатори на Капитол хил?

– Стејт департментот е важен како за нашето НАТО, така и за нашето ЕУ зачленување, бидејќи нивното влијание инивните политички позициии имаат рефлексија во центрите на ЕУ. Тоа ни беше важно кога Македонија стана земја-кандидат. Постоеше скепса кај одредени држави, но постоеше силна подршка кај други, и конкретно од САД и тоа не беше без значење. Стејт департментот учества и во формулирање на заклучоците на НАТО самитот и во градење на агендата на воената алијанса. Затоа мошне важно е да ја добиеме нивната подршка. Прво, за што е можно побрзо добивање на поканата и секако нивната подршка и разбирање за решавање на проблемот со името со Грција. Не очекуваме САД да го решат проблемот или ЕУ и НАТО да дојдат и да не спасат. Но, очекуваме да ни помогнат како нам, така и на Грците, да создадеме атмосфера на доверба во која што решенијата полесно ќе се најдат.

Во понеделник патувате за сојузната држава Вермонт. Ве молам, потсетете ја македонската јавност зошто се значајни односите што Македонија ги негува со Вермонт?

– Вермонт и Македонија имаат дологодишна соработка во која Националната гарда на оваа сојузна држава и нашата армија  изградија многу силно и оперативно партнерство. Заедно одиме на вежби, заедно испративме трупи во мисијата во Авганистан. Партнерството со Вермонт претставуваше огромна можност за припадниците на АРМ за обука, тренинг и образование. Повеќе од 7.000 припадници на АРМ добија нови практични искуства преку оваа програма. Патуваа во САД, Вермонт праќаше трупи во Криволак на заеднички воени вежби, заедно вежбаа во центри во Европа.

Реформите во одбраната и поранешните и сегашната, ќе беа невозможни ако ние немавме практично еден дел од нашата армиска структура целосно обучена, извежбана и образувана во насока на НАТО стандардите и во насока на практиките на модерните армии.

Така што инвестицијата што тие ја прават во луѓе е најважна и најскапа инвестиција за мала држава како Македонија. Генералот (на Националната гарда) Стивен Креј беше во Македонија пред неколку месеци. Во Вермонт се планирани и политички средби, се среќаваме со гувернерот Фил Скот. Со ова на некој начин им даваме зелено светло на  воениот делови да ја продолжат и продлабочат оваа соработка. Акцентот е ставен на заеднички вежби. Клучната работа што Македонија мора да ја постигне е комплетна интероперабилност со НАТО. Нема подобар начин ова да се постигне  од заедничко работење и вежбање со некоја од членките.

Русија веќе подолго игра геополитика на Балканот, го наметнува своето влијание, шири антизападна пропаганда придружена со лажни вести дека проширувањето на НАТО е опасно за Македонија. Дали американскиот претседател Доналд Трамп, кој има постојани проблеми околу улогата на Кремљ во американската политика, би го почитувал Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и САД доколку Русија продолжи со недипломатска и подбуцнувачка реторика и навистина се обиде да спречи покана за членство на Македонија во НАТО?

– Се што се случува овој период покажува дека американското раководство и администрација нема да дозволат интересите на САД и на НАТО да потклекнат под руско влијание. Тоа е геополитички конфликт што треба да го решаваат големите сили, не ние. Една поговорка вели „кога слоновите војуваат, тревата страда“. Ние не би сакале тоа да е случај со Македонија. Членството во НАТО и во ЕУ се прашања кои ги решаваат  тие организации и земјите кои сакаат да им се приклучат. Добро е што вчера истото го порача и генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

Граѓаните на Македонија донесоа одлука за членството во овие организации пред повеќе од 20 години. Историјата не се враќа назад. Времето кога големите сили одлучуваа за судбината на малите земји и народи заврши. Ние сакаме судбината на Македонија да ја одлучуваат нејзините граѓани, а нивната моќ ќе биде поголема ако Македонија е дел од ЕУ и НАТО.

Борис Камчев

 

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВашингтонНАТОСтејт ДепартментчленствоШеќеринска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео од наводниот напад објавено од SBU  (Украинска безбедносна служба) на 1 јуни 2025 година

    Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Рамбл, инвестицијата на Крис Павловски во Македонија, дел од пропагандната мрежа на Кремљ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ