„На вакви дебати за НАТО, изненадувачки е дека околу 25 посто чуле за извештајот на Прибе, јас мислев дека дури и децата од 10 години веќе знаат за извештајот на Прибе. Тоа покажува дека одредена група која се занимава и работи на таа проблематика постојано меѓусебе разговараат, но и дека не е достапна во секоја пора од нашето општество“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на дебатата „Македонија во НАТО“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода.
„Кај новите членки во НАТО видливо е зголемен раст на економијата. Пример за тоа се балтичките земји како Естонија од 6 на 9.5 проценти, Латвија од 8 на 10.5 проценти имаат раст на економијата. Членството во НАТО забележува зголемување на економската стабилност, зголемување на бројот на туристи бидејќи се чуствуваат безбедни, како и институционално подобрување како што е владеење на правото“, додаде Шекеринска.
Дeхран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ермин Климента