„Анализите на јавното мислење покажуваат дека граѓаните на Македонија немаат многу информации што точно значи НАТО. Тие интиутивно го имаат својот став за членството на Македонија во НАТО. Дел од тие впечатоци се базираат на бројки“, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на трибината организирана од ЦИВИЛ Центар за слобода.
Таа додаде дека членството во НАТО во исто време резултира со подобра и поактивна економија и подобри принципи на владеење на правото, тоа е генералната слика. Македонија ги има видено бенефитите од најавите за членство во НАТО. Тоа се забележа и во економијата и во политиката.
„Фактот дека Македонија доби историски најниска каматна стапка зборува за довербата која институциите ја враќаат. Многу е тешко да се одвои каде завршуваат процесите за НАТО а каде на Европската Унија. Мислам дека е јасно дека задачите кои се пред нас се истите кои ги очекуваат граѓаните на Република Македонија. Повредата на законот и Уставот не се дел од обврската. Всушност, нивното зачувување е еден од клучните критериуми“, потенцираше Шекеринска.