ВЕСТ НА ДЕНОТ
По СДСМ и ДОМ и ЛДП ја прифатија резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот и портпарол на СДСМ Коста Костадинов денеска изјави дека тие ќе ја прифатат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност.
Пратениците од ДОМ и ЛДП ќе ја прифатат резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова тие го потврдија во изјава за медиумите по средбата со нивните колеги од опозициската партија Антонио Милошоски и Тимчо Муцунски.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Симовски: Попис во септември ќе има
„Не планираме одложување на пописот. Нормално, се ќе зависи од состојбата со пандемијата, но со оглед на последните информации, не очекуваме дека во септември ќе имаме пик како што имавме во март и во април. Она што сигурно ќе направиме е да ги почитуваме сите мерки на заштита, односно ќе се однесуваме во пописот како да е најголемиот пик на заразата, почитувајќи ги сите мерки. Од тој аспект населението не треба да биде загрижено. Септември и очекуваме да биде убаво времето, и дел, каде што има можност, пописот да го правиме на отворено“, изјави во Утрински брифинг директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
ФЛЕШ ВЕСТИ
САМИТ Виртуелен самит на Берлинскиот процес под претседателство на Германија.
ПАНДЕМИЈА Нема нови препораки и рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на корона вирусот.
Од 12 јули вакцинација против Ковид-19 и без закажан термин.
МАТУРА Матурата е успешно реализирана, средната оценка по двата екстерни предмети е повисока од онаа во 2019 година.
МАЗУТ Трговците во рок од 90 дена ќе мора да достават доказ дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут.
ЕФН Јанша извршува законски притисок за да ги стави медиумите под контрола.
ГРАДИНКА Поради стабилната епидемиолошка ситуација се бара зголемување на бројот на деца згрижени во градинките.
ВТОР МАНДАТ Златко Марин се кандидира за втор мандат за градоначалник на Аеродром.
ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ и Левица со интерпелација за Џафери.
ИНТЕРВЈУ
Мерко: Струга е мултиетничка „мала Европа“ каде нема разлики и поделби
Европските вредности, мултикултурализмот, но и Стратегијата „Едно општество за сите“ имаат своја улога и на локално ниво, чие влијание придонесува за развој и просперитет на целото општество, демократијата, економијата и односот меѓу заедниците во целата држава. Токму за локалните политики, граѓанското учество и придонесот на Локалната самоуправа во Општина Струга кон европските перспективи, за борбата со хибридните закани, зелените вредности, ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Да не заборавиме и на клучниот придонес на САД за затворање на тридеценискиот спор со Грција, што овозможи влез на земјата во НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз во историјата на човештвото, со што се стави крај на сите дилеми за опстанокот и иднината на нашата држава, и му донесе светли перспективи за напредок на целиот Балкан, на нашиот регион кој со векови е познат како „буре барут“ и место за крвави војни меѓу соседите“ пишува Петрит Сарачини во „Ние и Америка“.
Ирена Крџиќ












