• Latest

СДСМ, ДОМ и ЛДП ја прифатија резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, попис во септември ќе има, ВМРО-ДПМНЕ и Левица со интерпелација за Џафери

July 5, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

СДСМ, ДОМ и ЛДП ја прифатија резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, попис во септември ќе има, ВМРО-ДПМНЕ и Левица со интерпелација за Џафери

July 5, 2021 18:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

По СДСМ и ДОМ и ЛДП ја прифатија резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и портпарол на СДСМ Коста Костадинов денеска изјави дека тие ќе ја прифатат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност.

Пратениците од ДОМ и ЛДП ќе ја прифатат резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова тие го потврдија во изјава за медиумите по средбата со нивните колеги од опозициската партија Антонио Милошоски и Тимчо Муцунски.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Симовски: Попис во септември ќе има

„Не планираме одложување на пописот. Нормално, се ќе зависи од состојбата со пандемијата, но со оглед на последните информации, не очекуваме дека во септември ќе имаме пик како што имавме во март и во април. Она што сигурно ќе направиме е да ги почитуваме сите мерки на заштита, односно ќе се однесуваме во пописот како да е најголемиот пик на заразата, почитувајќи ги сите мерки. Од тој аспект населението не треба да биде загрижено. Септември и очекуваме да биде убаво времето, и дел, каде што има можност, пописот да го правиме на отворено“, изјави во Утрински брифинг директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

САМИТ Виртуелен самит на Берлинскиот процес под претседателство на Германија.

ПАНДЕМИЈА Нема нови препораки и рестрикции во однос на заштита на границите против ширењето на делта сојот на корона вирусот.

Од 12 јули вакцинација против Ковид-19 и без закажан термин.

МАТУРА Матурата е успешно реализирана, средната оценка по двата екстерни предмети е повисока од онаа во 2019 година.

МАЗУТ Трговците во рок од 90 дена ќе мора да достават доказ дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут.

ЕФН Јанша извршува законски притисок за да ги стави медиумите под контрола.

ГРАДИНКА Поради стабилната епидемиолошка ситуација се бара зголемување на бројот на деца згрижени во градинките.

ВТОР МАНДАТ Златко Марин се кандидира за втор мандат за градоначалник на Аеродром.

ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ и Левица со интерпелација за Џафери.

ИНТЕРВЈУ

Мерко: Струга е мултиетничка „мала Европа“ каде нема разлики и поделби

Европските вредности, мултикултурализмот, но и Стратегијата „Едно општество за сите“ имаат своја улога и на локално ниво, чие влијание придонесува за развој и просперитет на целото општество, демократијата, економијата и односот меѓу заедниците во целата држава. Токму за локалните политики, граѓанското учество и придонесот на Локалната самоуправа во Општина Струга кон европските перспективи, за борбата со хибридните закани, зелените вредности, ЦИВИЛ разговараше со градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко.

 СЛОБОДНА ЗОНА

„Да не заборавиме и на клучниот придонес на САД за затворање на тридеценискиот спор со Грција, што овозможи влез на земјата во НАТО, најмоќниот воено-политички сојуз во историјата на човештвото, со што се стави крај на сите дилеми за опстанокот и иднината на нашата држава, и му донесе светли перспективи за напредок на целиот Балкан, на нашиот регион кој со векови е познат како „буре барут“ и место за крвави војни меѓу соседите“ пишува Петрит Сарачини во „Ние и Америка“.

Ирена Крџиќ 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ