СДСМ и ДУИ, според повеќе извори, сега веќе постигнале договор за консензуален кандидат за претседател. Последниот збир го кажале лидерите Зоран Заев и Али Ахмети, но дури вечерва во 20 часот ви еден хотел во Скопје ќе се одржи и конференција на која ќе се објави името на кандидатот.
Воедно, се дознава дека ќе се одржи и средба меѓу ДПА и Алтернатива. Ако овие две партии се договорат да застанат зад истата коалиција, тогаш и нивните лидери се очекува да учествуваат на вечерашната прес конференција.
Партиски извори брифираат дека кандидатот ќе биде меѓу четирите најспоменувани Стево Пендаровски, Радмила Шекеринска, Никола Димитров и Оливер Спасовски.
А. З.