• Latest
фото: ВИ

СДСМ ја критикува власта: учебници нема, PDF има – МОН демантира: сите учебници се испорачани

September 23, 2025

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

СДСМ ја критикува власта: учебници нема, PDF има – МОН демантира: сите учебници се испорачани

September 23, 2025 15:38
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
фото: ВИ

фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска истакна дека по цел месец од почетокот на учебната година, учениците и понатаму немаат учебници.

„Уште една голема лага на ВМРО-ДПМНЕ и Јаневска. Лага која директно ги погодува децата, учениците и родителите. Илјадници ученици се приморани да учат без учебници, а тие што ги имаат се парталави, стари, оштетени. Родителите не се должни да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат. Наместо да преземе одговорност Весна Јаневска прво зборуваше дека проблемот ќе го решела со донации, а вчера смени лента, сега на сите што немаат учебници им вели имате PDF формат на интернет. Обврска на Министерството за образование и на власта е секоја учебна година да почне со обезбедени учебници за сите ученици. МОН треба да има план, логистика и контрола, и да гарантира дека секое дете во Македонија ќе учи со учебник“, рече Кузеска.

Актуелното раководство на Министерството за образование и наука (МОН) со нов Закон за учебници, изработен заедно со сите засегнати чинители во одобрувањето, изработката и испораката на учебници во основното и средното образование го реши предизвикот кој четири министри на претходната Влада не успеаја да го надминат, се вели во реакцијата на МОН на денешната изјава на Кузеска

„Оваа учебна година има учебници за сите ученици и испораката е веќе завршена. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното образование и во прва година во средно гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми. За прв пат, по цели седум години нови учебници има и по сите странски јазици. Изработката на нови наставни програми и учебници ќе продолжи и во следните учебни години, како дел од планот за етапна реформа на националниот образовен систем. Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан“, посочуваат од МОН.

Дополнително, како што се наведува, на училиштата и учениците покрај печатените учебници, како опција на располагање им се и електронските верзии на истите тие одобрени учебници.

„Така што, залудни се обидите на политичката партија СДСМ со невистини да се обидува да го девалвира трудот и посветеноста кон учениците и обезбедувањето на услови за квалитетна настава. Помина времето на негрижа кон образовниот систем, учениците, наставниците и родителите. Промените се случуваат, а ефектот ќе се огледа преку новите генерации кои ќе располагаат со поконкурентни знаења и потребните вештини за успех“, стои во реакцијата на МОН.

Д.М.

Фото: ВИ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ