• Latest
Фото: СДСМ

СДСМ почна со откривањето „скандали за криминалот на Владата“: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени

November 30, 2025

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СДСМ почна со откривањето „скандали за криминалот на Владата“: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени

Фирмата „Дигитал оне“, формирана на крајот на август лани, е основана од „извесен Кристијан Арсовски“ и има само двајца вработени, соопшти генералниот секретар на СДСМ, прашувајќи: „Дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димче Арсовски“? Арсовски негира поврзаност со „Дигитал оне“ и роднински врски со газдата

November 30, 2025 15:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: СДСМ

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Како што најави претходно, СДСМ денес, со прес конференција  започна да ги открива, како што се вели во партискоото соопштение, „скандалите за криминалот на Владата на Мицкоски“.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, изјави дека станува збор за првиот од серијата скандали на Владата. Притоа, посочи дека фирмата „Дигитал оне“,  формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тенеди од скоро девет милиони евра, народни пари. Сите овие тендери биле со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025.

„Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно“, изјави Димитријевиќ.

Тој посочи дека фирмата била основана од „извесен Кристијан Арсовски“ и има само двајца вработени. Од шест државни тендери, дури четири биле со Генералниот секретаријат на Владата. Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра, рече тој.

„Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра“, праша Генералниот секретар на СДСМ, притоа прашувајќи „дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димче Арсовски“.

Тој ги повика Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да реагираат и да отворат истрага.

Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме, нагласи Димитријевиќ. Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите.

Генералниот секретар на СДСМ посочи дека Мицкоски е само негов ученик и извршител и предпреди инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш! За сите!

Крадењето мора да престане, веднаш!“, истакна Димитријевиќ.

Документи објавени на пресот од СДСМ:

 

1 of 4
- +

Арсовски негира поврзаност со „Дигитал оне“ и роднински врски со газдата

Димче Арсовски, член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, остро ги демантира наводите дека бил во некаква поврзаност со лицето Кристијан Арсовски, за кое СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека било вмешано во спорен милионски тендер преку фирмата „Дигитал оне“.

„За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери.“

 

М. Д.

 

Tags: ВМРО - ДПМНЕСДСМскандали за криминалот на Владата
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ