Categories

ОДЛУКИ СДСМ пресече: Нема предвремени парламентарни избори!

На седницата на Извршниот одбор на СДСМ што започна околу 21:00 часот вечерва, се донесе конечна одлука: нема предвремени парламентарни избори, потврдија избори на ЦИВИЛ МЕДИА од раководството на партијата.

Седницата на ИО на СДСМ започна со повеќе од еден час од закажаниот термин.

Според нашите извори, на седницата преовладувала оцената дека реформите и интеграциите се поважни и дека предвремените парламентарни избори би имале негативни ефекти во динамиката на овие важни процеси за евро-атлантската иднина на нашата земја.

Дискусијата продолжува и по други теми како што се председателските избори и кандидатурите пријавени во партискиот оглас. Се очекува вечерва да се дискутира и за коалицијата со ДУИ и другите владини партнери во претседателските избори, иако официјално нема потврда дали воопшто ќе се отвори оваа тема вечерва.

Оваа одлука можеше да се предвиди, особено по силните препораки кои доаѓаа и од меѓународната заедница и дел од домашните граѓански организации и експерти, според кои Владата мора да се посвети на реформите во земјата.

А. Зеќири

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email