Таргет на вообичаените препукувања на СДСМ и ВМРО е тоа кој бил покоруптивен. На тема корупција и права држава вчера на пре-конференција зборуваше Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ излезе со соопштение дека опозицијата е најмалку повикана да зборува за корупција.
Нацев обвини дека Заев, Владата и СДСМ наместо да инфромираат за корупираните функционери, тие молчат. А од друга страна, се однесуваат како државата и парите на граѓаните да се нивна приватна сопственост проследени со низа скандали за кои никој не сноси одговорност.
„Македонија под власт на СДСМ тоне во корупција. Според Светскиот индекс на перцепција на корупција Република Македонија бележи пад за 17 места на листата на Транспаренси интернешнл за само една година“, вели Нацев.
„Последниот извештај на Транспаренси интернешенал којшто се однесува на состојбите во 2017 година е резултат на 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и е јасен показател на кое ниво ја доведоа Република Македонија со нивното коруптивно работење“, одговара СДСМ.
На крајот, како и секогаш, во едно се сложуваат, граѓаните на Република Македонија ќе проценат кој е во право, а кој не.
Б.Ј.