Поентира: Џевдет Хајредини
Сѐ додека се на власт и имаме крајно корумпирано судство, од кривична и политичка одговорност ќе се спасат сите политичари за кои се објавија или ќе се објавуваат тајни снимки. За морална одговорност не може да стане ни збор, затоа што се покажа оти тие морал и немаат. Автентичноста на снимките и делата содржани во нив, бидејќи не можат да ги негираат, туку само ги игнорираат и се надеваат дека “ќе се стопат како утринска слана”, како што истакнува еден од нив.
Обидите, за сега, со закон да го забранат објавувањето на снимките, поради тоа што снимањето било извршено незаконски, во иднина, можно е да не им помогне многу.
По овој повод, Венецијанската Комисија достави мислење дека дури и приватните разговори треба да се објават, доколку го допираат јавниот интерес.
Можно е оваа ситуација да трае и натаму, само државата и народот од внатрешната политичка и безбедносна криза нема да излезе, независно од членството во НАТО и, се надеваме, скорешниот почеток на преговорите со ЕУ.
П.с.
Прашање е дали и колку ќе им помогне пресудата на “независниот” Кичевскиот Суд, со која пред извесно време беше осуден Ел Чека.
Дека Ел Чека ќе биде осуден, од “надлежните” претходно беше и најавено, само што од САД не беше вратен.