Тимот за комуникации на ЦИВИЛ, во одговор на прашањето од повеќе граѓанки и граѓани, дали ќе има повторен повик за изборни набљудувачи, ги информира сите заинтересирани дека се работи на можноста да се отвори нов повик веќе од 10 август и ќе трае до средината на септември.
Воедно, од ЦИВИЛ информираат дека разгледувањето на апликациите од претходниот повик за изборни набљудувачи е при крај и дека резултатите ќе бидат познати и соопштени на апликантите најдоцна до 25 јули.
ЦИВИЛ најавува дека обуките за изборните набљудувачи ќе се одржат во втората половина на септември и почетокот на октомври, освен за дополнителните долгорочни набљудувачи за кои обуката е предвидена во текот на втората недела на август, а нивниот ангажман ќе започне на 15 август.
Овие информации се дополнување на претходно објавените одговори на најчесто поставуваните прашања за изборниот мониторинг на ЦИВИЛ.
ЦМ Деск