Граѓаните нема да бидат под притисок на роковите за плаќање на рати од кредитите.
Министерството за финансии и банките, постигнале решение за одложување на плаќањето на ратите за три месеци, а некои банки веќе изразиле подготвеност и до 6 месеци. Но, за точниот број на месеци и најповолните услови, граѓаните ќе треба да го решат со банките од кои деновиве ке добијат конкретна понуда. Уредбата, најави министерката Нина Ангеловска, ќе се изгласа на утрешната владина седница.
„Граѓаните и компаниите ќе добијат понуда или известување од банките за одложување на обврските, по што ќе треба да се изјаснат дали се сложуваат со поповолните услови или не. Доколку не се изјаснат за 10 дена ќе се смета дека ја прифаќа поповолната понуда за одложување на ратите за кредитор. По услојување на Уредбата, се надевам утре ќе го објасниме целиот процес. Наше е да ја креираме можноста без да одат граѓаните во банки да добијат одлаложување на обврските и тоа ќе биде направено“, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска.
А. З.