• Latest

Сé попроѕирни опструкции на предметите на СЈО

March 10, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сé попроѕирни опструкции на предметите на СЈО

March 10, 2017 16:36
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопскиот Кривичен суд на својата веб-страна го објави решението за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, каде е наведено дека „се наложува на овластените службени лица од МВР, по пронаоѓање и лишување од слобода на осомничениот С.К., да го спроведат на издржување на мерката притвор во Истражниот затвор „Скопје“.

 

Адвокатот Никола Додевски, кој го застапува Сеад Кочан, денеска изјави дека одбраната и обвинетите немаат добиено никакво решение за притвор и додека тоа не се случи, тој е слободен човек.

Денеска се одложи и судењето за случајот со насилството пред Општина Центар.

Судијката Татјана Михајлова го одложи денешното рочиште поради неисполнети законски претпоставки. Денеска во судот не се појавија ниту поранешниот премиер Никола Груевски, ниту ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и експратеничката Даниела Рангелова, ниту единаесетемина други обвинети.

Експремиерот Никола Груевски, не ги прима ниту поканите за негово сослушување во проширувањето на истрагата за „Титаник“. Имено, неговото обезбедување, кое го користи и по заминувањето од премиерската фукција, во неколку наврати не дозволило да му се врачи поканата од Специјалното јавно обвинителство!

Градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, по денешното одложување на рочиштето за случајот поврзан  со неговата општина, вели дека е неопходен генерален реизбор во судството.

„Груевски со далечински управувач го управува судството и обвинителството. Сваровски судиите и платените обвинители се под негова комплетна контрола. Затоа, власта во заминување се однесува како што сака.
Првиот случај за насилството во Општина Центар ни открива како ќе се водат сите постапки отворени од СЈО. Јасно ни демонстрира во која мера може да се манипулираат и одложуваат процесите. Со вакви инсталации во системот, со чесни исклучоци, тешко дека насилниците ќе одговараат онака како што заслужуваат. На Македонија и’ е неопходен генерален реизбор на судии и цврсти механизми за спречување на контролата и влијанието врз судството. Понатамошното опстојување на Груевски на политичката сцена ја носи земјата во уште поголема криза“, напиша Жерновски на својот Фејсбук профил.

Опструкциите врз работата на Специјалното јавно обвинителство се потврдија и вчера, кога претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски побара од Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, смена на специјалните обвинители во случајот со насилството во Општина Центар.

Маја Ивановска

 

Tags: Андреј ЖерновскиКатица ЈаневаНикола Груевскиопштина центарПетар АневскипритворСеад КочанСЈОТитаник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ