ЦИВИЛ ја промовира Фејсбук страницата Акција против дискриминацијата (ReAct Against Discrimination), како дел од иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“.
Ајде сите заедно да работиме на промоција на мултикултурализмот, еднаквоста и недискриминацијата. Ова е страница за сите прогресивни и светски фаци. Лајкнете, споделете, напишете ни порака со сугестија, краток текст или селфи видео/фото со позитивна порака за поддршка на нашите иницијативи – објави ЦИВИЛ.
Самата ФБ станица постои од 2014 година кога една група млади од Скопје, заедно со група млади од Берлин, заедно ја креираа како дел од нивните заеднички активности против дискриминацијата.
ReAct Against discrimination
Динамичната агенда на ЦИВИЛ во текот на изминатиот период вклучува промоција на мултикултурализмот и европските вредности. Секој петок, организацијата објавува видео извештај „Мулти-култи бриф“ во живо на Фејсбук и Јутуб, со информации за активностите и ставовите поврзани со актуелни настани.