• Latest

Се зголемува списокот на демократски конгресмени кои повикаа Бајден да се откаже од изборите

July 12, 2024

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се зголемува списокот на демократски конгресмени кои повикаа Бајден да се откаже од изборите

July 12, 2024 21:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на САД Џо Бајден се соочува со растечки сомнежи за тоа дали поради одминатата возраст е доволно кадарен да продолжи со кандидатурата за негов реизбор кои што доаѓаат не само од опонентите туку и од низа истакнати членови од неговата партија.

„Вашингтон пост“ објави список на демократски конгресмени, сенатори и членови на Претставничкиот дом, кои јавно го повикаа Бајден да ја напушти трката. Од 2 јули кога се слушна првиот демократски глас против неговата кандидатура, односно само недела дена по неуспешната дебата со неговиот соперник, експретседателот Доналд Трамп, во списокот до денеска се најдоа вкупно 21 конгресен демократ.

Во него, меѓу другите, се пратениците Џери Надлер од Њујорк, Адам Смит од Вашингтон, Британи Петерсон од Колорадо, како и сенаторот Питер Велч од Вермонт. Сите тие изјавија дека не веруваат дека Бајден може да го победи Трамп на изборите закажани есенва и се загрижени дека неговата кампања може да резултира со тоа демократите да ја изгубат контролата на двата дома на американскиот Конгрес.

Лидерите ја примија загриженоста што доаѓа од партијата и во меѓувреме побарале прием во Белата куќа на кој синоќа бил Хаким Џефрис, лидерот на малцинството во Долниот дом. За оваа средба Џефрис откри денеска во писмо до своите колеги во кое се вели дека тоа било шанса најистакнатите демократи во Претставничкиот дом да ја изразат загриженоста на партијата.

– Во изминатите неколку денови демократите од Претставничкиот дом извршија продлабочени и долги дискусии за иднината на нашата земја, во време кога се загрозени слободата, демократијата и економската благосостојба на Американците, изјави Џефрис.

Тој истакна дека разговорот со претседателот бил искрен и отворен.

Средбата се случила веднаш по големиот прес брифинг на Бајден по повод завршувањето на самитот на НАТО во Вашингтон, на кој ја изрази одлучноста дека не истапува од кандидатурата и дека останува во трката „да ја заврши работата“ започната во 2021 година.

– Верувам дека сум најдобро квалификуван да владеам. И мислам дека сум квалификуван да победам. Можеби постојат други луѓе кои можат да го победат Трамп. Но, ужасно е тешко да се започне од нула, кажа Бајден синоќа.

На пресот тој рече дека ако еднаш го победил Трамп тоа може да го повтори.

Претходно денеска, холивудските сценаристи Ајалет Валдман и Дејмон Линделоф им се придружија на други познати личности, вклучувајќи ги Џорџ Клуни, Мајкл Даглас и Абигејл Дизни во повикот Бајден да се откаже.

(ВИДЕО) Прес-конференција на НАТО самитот во Вашингтон: Бајден елоквентен во одговорите на новинарските прашања, но се сопнуваше на зборовите и мешаше имиња

Tags: БајденизбориконгресСАД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ