Никогаш не сум можел да го разберам национализмот и нетрпеливоста кон другиот само затоа што припаѓа на друг етникум.
Имаме еден живот и да го потрошиме на таква баналност е недозволиво.
Сите заедно треба да придонесуваме во градење на татковината, да вложуваме во нејзиниот просперитет и да оставиме подобар свет за нашите поколенија. Промените треба да започнат од дома, па преку образовниот процес да се надградуваат. Секојдневно да се работи на отворање на умот и на прифаќање на различностите.
Зоран Кардула
29 октомври 2020
Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, не секогаш ги одразуваат оние на донаторите на ЦИВИЛ. Ставовите изнесени во изјавите, интервјуата, анализите и колумните, се одговорност исклучиво на Автор(к)ите.