• Latest

Секуловски: Заедничката работа помеѓу различни сектори е еден од одговорите во одбрана од дезинформациите

January 29, 2024

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС

Секуловски: Заедничката работа помеѓу различни сектори е еден од одговорите во одбрана од дезинформациите

January 29, 2024 14:15
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Избегнуваме да го користиме терминот лажни вести од две причини. првата е препорака на Европската федерација на новинари која вели дека не може нешто да биде вест, ако е лажно само по себе, вели извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски на панелот од серијата „Ослободи го умот: За дезинформации и безбедноста“.

„Се навлегува во самата терминологија и се вели дека наместо лажни вести треба да користиме дезинформации, малинформации, погрешни информации. Во исто време, тоа е втората причина, во последните десет години имаме ситуации во кои непопуларни политичари во очите на медиумските работници, го користеле овој термин со цел да дискфалификуваат на јавна сцена критични новинари“, појасни Секуловски.

Како пример за тоа како дезинформациите можат да сменат или да влијаат на исходи како што се изборите, Секуловски потсети на познатиот  случајот со тинејџерите  од Велес, кои во 2016 година ширеа дезинформации преку пропагандни сајтови за изборите во САД.

„Македонија во 2016 година се прослави, знаете, сите разговараат за фабрики на тролови, групации на лица кои шират ваков тип на погрешни информации, сите се сеќаваме на случајот со Велес. Тоа е многу добра студија на случај, бидејќи, според неколку кредибилни медиуми, меѓу кои и Гардијан, се тврди дека сепак, можеби не решиле кој ќе победи на изборите во Америка, но, секако дека имало влијание, и тоа се тврди врз основа на одредени бројки.

Во последните три месеци во 2016 година, кога практично изборите беа во својата завршница во САД, направена е споредба дека меѓу дваесетте вести што доаѓаат од медиуми од типот на Вашингтон Пост, Њујорк Тајмс, или Ен- Би –Си, имале многу помалку интеракција на социјалните мрежи, во смисла на коментари, допаѓања, споделувања, споредбено со оние дваесет дезинформации, или информации што беа негативно настроени кон противкандидатите.

Што значи дека, за жал, кредибилните, вистинските медиуми и новинари, во овој случај, малку ја изгубија битката, затоа што тие дваесет негативни дезинформации, добар дел доаѓаа од Велес, од Македонија. И, на тој начин, Македонија влезе во глобалната мапа каде што демонстрираше дека има некој талент, меѓутоа малку погрешно искористен“, вели Секуловски.

За тоа кои се, и колкави се капацитетите на нашата држава за справување со дезинформациите, Секуловски посочи на нацрт планот од 2019 година за борба против дезинформациите, и порача дека во некоја следна етапа или ажурирање на тој план, учеството на граѓанскиот сектор е повеќе од потребно.

„Ако ги гледаме формално работите, нашата земја во 2019 година подготви нацрт план за одлучна борба против дезинформациите. Тој план беше поделен на два дела, во првиот дел беа мерки кои се претежно задолжителни за самите институции, на нивото како да комуницираат меѓу себе, како да имаат посигурен пристап на комуницирање, и притоа да не станат ранливи кон одредени дезинформации.

Вториот дел беа проактивни мерки, во коишто имаше одредени активности кои задираа во доменот на работата, делумно и кон новинарите.

Дел од граѓанскиот сектор можеби и не беше премногу среќен  со промоцијата на овој документ, од причина што не беше вклучен, затоа, би рекол дека тоа е научена лекција. Кога овој документ ќе биде ажуриран, или кога ќе се подготвува нова, потенцијална стратегија или план како ние како општество да се избориме со овој тип не негативни последици во овој контекст, од исклучителна важност е да се вклучат и чинителите коишто работат на оваа проблематика со години.“, посочува Секуловски.

Како одговор на прашањето кои ентитети би ги одвоиле во македонскиот јавен простор како ширачи или креатори на дезинформации, Секуловски, без двоумење ги посочи најголемиот дел од политичките партии.

„Доволно е да ги видите изборните програми, тоа што го ветуваат за избори и по една година да ги споредите со резултатите и да сфатите колку биле нереални тие ветувања, на граница со лаги. Се надевам дека граѓаните ќе бидат поштедени од агресивни реторики, од настапи на кандидатите кои што можеби ќе подгреваат непотребна тензија. Сметам дека Македонија тоа треба да го остави во минатото“, вели Секуловски.

Политичарите да внимаваат на реториката во текот на предизборните кампањи, бидејќи публиката, односно нивните приврзаници го следат нивното однесување, и следствено, така и се однесуваат, било да е позитивно или негативно, вели Секуловски.

„Годинава имаме избори, и се надевам дека граѓаните ќе бидат поштедени од агресивните реторики и од настапи од кандидатите коишто можеби ќе подгреваат непотребна тензија. Сметам дека Македонија тоа треба да го остави во минатото, веќе верувам дека сме еволуирале во малку посериозно општество.

Треба да се земе предвид дека самите политичари, лидери на политички партии, кога имаат пристоен однос кон публиката, кога имаат добар наратив, кога користат литературен јазик, без разлика дали е тоа македонски, албански или некој трет, на тој начин ги мотивираат и своите следбеници, приврзаници на политичките партии, да го следат тоа добро однесување.

Ако го имаме обратниот ефект, тогаш прашање на време е, кога некои следбеници на тие партии што се долу, сакајќи да се истакнат, може да направат нешто за што потоа ќе зажалат. Затоа, сите што имаме пристап до јавноста, преку нашиот говор, треба да бидеме одговорни прво пред себе, второ, пред сите останати на кои што се обраќаме, порачува Секуловски.

Д. Тахири

Камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Панелот е дел од проектот „Ослободи го умот“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Амбасадата на САД.


Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ