• Latest

Селмани, ЗНМ: Во Македонија владее неказнивост за насилствата врз новинарите

November 2, 2017
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Селмани, ЗНМ: Во Македонија владее неказнивост за насилствата врз новинарите

November 2, 2017 17:47
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста за насилството против новинарите во Македонија може слободно да се одбележи со бројка од 54 напади врз новинарите во последните пет години.

Само со почетокот на оваа година, во контекст на промените на политичката сцена може да се наведат дел од нападите врз новинарите, а со тоа и на медиумската слобода во Македонија.

Вклучувајќи ги нападите и врз новинари на 27 април во Собранието, во текот на годината настрадаа новинарски екипи на А1он, 24 вести, Нова ТВ и Тв Телма.

Независно дали се работи за вербален или физички напад, во Македонија нема тенденција за решавање на случаите и казнување на сторителите.

„Пред еден месец добивме еден извештај кој го чекавме 8 години, да видиме колку напади врз новинари имаме и што имаат преземено органите на полицијата и обвинителството, а судовите да ги казнуваат овие насилници и видовме дека бројките се загрижувачки. Од 54 напади на новинари, ниеден насилник не е изведен пред лицето на правдата. Ова е еклатантен пример на постоење на политика на неказнивост на насилството на новинари. Тоа е многу загрижувачки“, изјави Насер Селмани за ЦИВИЛ Медиа.

Ограничувањето на медиумската слобода е пракса од која медиумите очекуваат, со промената на власта да замине во неповрат. Конечно, медиумите и новинарството треба да бидат јавен информативен сервис на граѓанките и граѓаните, слободни во изразувањето и движењето, а не објекти за политички манипулации и корист, до моментот кога ќе нема потреба од тоа, паќе станат предмет на насилство.

А, со манипулација во медиумите се манипулира и со информациите кои протекуваат во јавноста, од што најмногу, како и секогаш страдаат граѓанките и граѓаните.

Една од препораките, како што појасни Селмани, е расветлување на сите случаи на насилство врз новинарите. Со ова ќе се покаже дека законот се спроведува и ќе служи како предупредување за сите што ќе кренат рака на медиумските слободи и слободата на изразување.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: ЗНМНасер Селманинасилствоновинариодбележување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ