• Latest

Семејството Петровски под продолжен притисок од Чорогунов

May 30, 2019

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Семејството Петровски под продолжен притисок од Чорогунов

May 30, 2019 17:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бранко Петровски од бруталниот напад пред две недели од Чорогунов, денеска кончено излегува од болница, само за да го пресретне поплака за јавен ред и мир поради гласната музика од „Гарсон“, нешто што не се случило во 13 години постоење од никого што работи во близина или што живее во зградите околу кафулето.

Како што напиша синот на Петровски на неговиот Фејсбук профил, ова е само почеток на притисоците.

„Фирмата на напаѓачот на татко ми, Спиро Чорогунов, денес достави писмо до куќниот совет на зградата во која сме кираџии дека пречи музиката од кафе барот „Гарсон“ на нивните гости. Дури клеветат дека работиме подолго од дозволеното работно време, и дека имаме нелегално поставена тераса. Иста онаа тераса која е таму 13 години и за која на ниеден инспектор не му текнало да реагира!? „Гарсон“ во таа зграда е 13 години и за тој временски период ниту еден станар не упатил поплака, ниту за тераса ниту за гласна музика, а најмалку за прекувремено работење. Најсмешниот дел во писмово е последниот, каде објаснува Чорогунов преку своите “пиуни” како човек треба да се однесува во градски урбани средини. Јавно му порачувам да ја види повторно фотографијата на татко ми. Така најдобро ќе сфати како не треба!“, пишува синот на Петровски на својот фејсбук профил.

Имено, во дописот се молат сопствениците што го издале просторот на кафулето „Гарсон“ да преземат соодветни мерки и да ги опоменат своите закупци да престанат со несоодветното однесување.

Според очевидци, на 18 мај, Спиро Чорогунов, сопственик на хотел „Александар 2“, го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот, кој се наоѓа во непосредна близина и на кафулето „Гарсон“ и на менувачницата.  Тешкиот инцидент се случил среде бел ден во строгиот центар на градот, кога Чорогунов му ја фрла малата табла со реклама за менувачницата што таму стои цели 19 години. Откако Петровски се обидува да ја врати таблата, Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето, со што му нанел скршеници на вилицата, носот и во пределот на десното око.

ЦИВИЛ ќе продолжи да го следи случајот и понатаму додека правдата не биде задоволена. Семејството  на Петровски има целосна поддршка и од организацијата и од јавноста, но сѐ уште се чека институциите да реагираат и брзо да го решат случајот.

Share100TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ