Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој стана познат во светот како неприкосновен лидер на својата земја во одбраната од руската агресијата. Но, пред да влезе во политиката и да стане претседател во 2019 година, Зеленски бил позната телевизиска ѕвезда во Украина.
Пред да стане претседател, Володимир Зеленски учествувал во популарното ТВ шоу во Украина „ Слуга на народот“, во кое глуми претседател. Во емисијата, која се прикажувала од 2015 до 2019, ликот на Зеленски бил наставник-идеалист кој се бори против корупцијата во владата и подоцна станува претседател. Нешто слично му се случи на Зеленски веднаш по емисијата бидејќи тој стана претседател откако освои над 70 отсто од гласовите на изборите во април 2019 г.
Малата филмска агенција „Ехо рајтс“ со седиште во Стокхолм деновиве е преплавена со понуди за откупување на телевизиска серија „Слуга на народот“, во која што професорот по историја што станува украински претседател го глуми токму Володимир Зеленски – сегашниот вистински претседател на Украина.
Според најавите, серијата „Слуга на народот“ ќе почне да се емитува и во Северна Македонија, на ТВ Канал 5, Глеј и Нетфликс.
Д.М.