• Latest

Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија

March 9, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија

Владата со над 760 милиони евра ја ублажи кризата, со поддршка од 80 милиони евра од ЕУ се реализира Националниот план за справување со енергетската криза

March 9, 2023 12:43
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter
Република Северна Македонија доби 80 милиони евра финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на прес-конференција истакна дека овие средства се користат за буџетска поддршка во државата.

На прес-конференцијата вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и министрите-за финансии Фатмир Бесими, економија Крешник Бектеши и Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика во својот домен ги изнесоа деталите за антикризните мерки и ефектите од истите. Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир посочи дека оваа финансиска поддршка ќе им помогне на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза.
Премиерот Ковачевски потенцираше дека Владата во соработка со сите институциите, со министерствата, со земјите од регионот како и со Европската Унија, спречи ценовен шок, овозможи стабилно снабдување со електрична енергија, го зголеми производство од домашните капацитети, осигура стабилност на цената на струјата, а тоа пак влијаеше директно врз стандардот на граѓаните, но и врз стабилизација на инфлацијата. Грантот од 80 милиони евра е поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
„Намалувањето на цената на струјата за 20% за 70.000 фирми кои се на регулиран пазар и задржување на цената за домаќинства на исто ниво, за оние кои рационално ја трошат електричната енергија, е само потврда на правилните политики кои ги водиме во време на енергетска криза, и тоа е вистинска грижа за најранливите категории. Сите мерки кои се преземаат од страна на Владата се со цел да се има сигурно и стабилно греење. Денес има и струја и парно, а рестрикции нема. Планот дава резултат. Наш приоритет е и енергетската транзиција и енергетската независност, а нашата земја е регионален лидер во енергетската транзиција, со огромен потенцијал да стане зелен енергетски хаб“, рече премиерот и додаде дека Владата донесе пакет антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра кој, според податоците на Светска банка е највисока буџетска поддршка во регионот за справување со кризата споредено со сите други земји од нашиот регион.
Евроамбасадорот Дејвид Гир, истакна дека во фокус на поддршката од ЕУ за Северна Македонија е да се заштитат граѓаните.
„Минатиот октомври, претседателката на Европската Комисија фон дер Лајен вети овде во Скопје дека ЕУ ќе и обезбеди на Северна Македонија 80 милиони евра за справување со енергетската криза. Сега го испорачавме тоа. Во пракса, оваа поддршка ќе им помогне на граѓаните да се справат со барањата кои се појавија како резултат на енергетската криза. Ова значи да им се помогне на сите домаќинства да ги задоволат нивните основни енергетски потреби. Особено оние најранливите. Тоа значи одржување и работа на училиштата и болниците. И тоа значи да им се помогне на малите бизниси да обезбедат производство на основни прехранбени продукти“, изјави амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир.

Вицепремиерот Маричиќ рече дека Европската Унија не ги заборави македонските граѓани и повторно е со нас во криза, докажувајќи дека е многу повеќе од финансиска поддршка со која ни помага во забрзување на трансформацијата на општеството и подготвувањето на Северна Македонија за членство во европското семејство. „Европската унија е и наш најголем партнер кој прв застанува со нас во тешки времиња. Покрај примарната цел на овие 80 милиони евра, со овие неповратни средства ќе се поддржат и структурните реформи за олеснување на енергетската транзиција, посочи вицепремиерот и национален ИПА координатор Маричиќ, додавајќи дека преку инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан изминатиов период успеавме да добиеме над 52 милиони евра неповратни средства за проекти во областа на енергетиката”, рече вицепремиерот.Министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека грантот од 80 милиони евра е потврда за исправноста на политиките што ги спроведува Владата на нашиот европски пат и во справување со кризата.

„Тоа беше препознаено од нашите сојузници и поддржувачи, од нашиот главен партнер ЕУ, од кој покрај постојаната финансиска помош за проекти, што се дел од реформската агенда, ни додели и грант средства за справување со кризата, Во 2020 година исто така на Република Северна Македонија и беше доделен грант од 40 милиони евра директна буџетска поддршка наменета за социјална и економска отпорност на државата при справување со кризата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата“, рече министерот Бесими и додаде дека средствата што ЕУ ги доделува на нашата земја е знак на солидарност што за нас претставува голема одговорност за нивно најефикасно користење.
Со цел заштита на потрошувачите и нивниот животен стандард од директното влијание на растот на цените на енергенсите и прехранбените производи, како и зголемување на конкурентноста на домашните компании на меѓународниот пазар, Министерството за економија заедно со останатите релевантни институции подготви Национален енергетски акциски план на Северна Македонија за 2022-2023 година за справување со енергетската криза.
„Националниот енергетски акциски план предвидува средства за воведување на буџетско субвенционирање на домашните компании, пред сé за обезбедувањето на јавните дејности, водоснабдување, здравство и образование како и за непречено снабдување со храна, млеко и останати дејности во интерес на сите граѓани. Покрај тоа, вклучува мерки за поддршка на граѓаните при справување со зголемените цени на енергенсите. Последно, но исто така особено важно за Северна Македонија, Националниот енергетски акциски план вклучува и проекти и програми за спроведување на европските политики за заштита на ранливите потрошувачи на енергија, за  политиките и мерките за енергетска ефикасност во зградите и за развој и имплементација на концептот на просјумери“ рече министерот за економија Бектеши.
Министерката Јована Тренчевска истакна дека како дел од последниот пакет на владини мерки, Министерството за труд и социјална политика веќе три месеци обезбедува финансиска поддршка за справување со енергетската криза на ранливите односно социјално исклучените граѓани.
„Како дел од последниот пакет на владини мерки, Министерството за труд и социјална политика веќе три месеци обезбедува финансиска поддршка за справување со енергетската криза на ранливите односно социјално исклучените граѓани.
Финансиската поддршка се обезбедува за период од четири месеци на над 177.000 социјално исклучени граѓани, вклучително и деца, лица кои останале без работа и користат паричен надоместок за невработеност и корисници на минимална пензија.
Покрај тоа, 46.000 корисници на правото на гарантирана минимална помош и социјална сигурност примаат паричен додаток за енергенси во периодот на зимските месеци.
Севкупно, опфатени се околу 220.000 корисници во ризик и исплатени се околу 21 милион евра“ рече Тренчевска.
Tags: владагрантДејвид ГирДимитар КовачевскиЕУ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ