• Latest
EU2017EE Estonian Presidency, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Северна Македонија и 15 земји од Европа го потпишаа Третиот протокол кон Европската конвенција за помош во кривичната материја

September 19, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Северна Македонија и 15 земји од Европа го потпишаа Третиот протокол кон Европската конвенција за помош во кривичната материја

September 19, 2025 13:41
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
EU2017EE Estonian Presidency, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

EU2017EE Estonian Presidency, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Share on FacebookShare on Twitter

Шеснаесет држави од Европа, меѓу кои и Северна Македонија, денеска во малтешкиот главен град Ла Валета го потпишаа Третиот дополнителен протокол кон Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја, соопшти Советот на Европа.

Во соопштението се нагласува дека Протоколот бил потпишан во рамки на неформалната Конференција на министрите за правда на земјите членки на Советот на Европа, што се одржува во Ла Валета.

Покрај земјава, протоколот го потпишаа и Белгија, Велика Британија, Германија, Грузија, Грција, Литванија, Луксембург, Малта, Португалија, Романија, Сан Марино, Турција, Украина, Швајцарија и Шведска.

Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја е документ од 1959 година чија цел е овозможување поголемо единство меѓу членките на Советот на Европа, преку воспоставување на заеднички правила во областа на меѓусебната помош околу кривичните предмети и прашањата за екстрадиција.

– Договорните страни, во согласност со одредбите од оваа Конвенција, се обврзуваат меѓусебно да си обезбедуваат најширока можна меѓусебна помош во постапките во врска со кривични дела чие казнување спаѓа во надлежност на судските органи на страната барател. Оваа Конвенција не се однесува на апсења, извршување на пресуди или кривични дела според военото право, кои не се кривични дела според обичното кривично право, се вели во документот.

Со Третиот дополнителен протокол кон Конвенцијата земјите членки на Советот на Европа, неговите потписнички, имаат за цел дополнително да придонесат во заштитата на човековите права, почитување на владеењето на правото и поддршката на демократското ткиво на општеството.

– Сметајќи дека за таа цел е пожелно да се зајакне нивната индивидуална и колективна способност за одговор на криминалот, (потписниците) одлучија во одредени аспекти да ја подобрат и дополнат Европската конвенција за меѓусебна помош во кривичната материја, склучена во Стразбур на 20 април 1959 година, како и Дополнителните протоколи кон неа од 17 март 1978 година и 8 ноември 2001 година, се вели во документот.

Во него се додава дека во остварувањето на овие заложби земјите потписнички ќе се базираат на Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи, склучена во Рим на 4 ноември 1950 година, како и на Конвенцијата за заштита на поединците во врска со автоматската обработка на лични податоци, постигната во Стразбур на 28 јануари 1981 година.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ