• Latest

Северна Македонија и Бугарија договорија механизми за превенција на говор на омраза, САД ќе стојат рамо до рамо со македонскиот народ, секој четврти европеец е во финаниска криза

November 8, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Северна Македонија и Бугарија договорија механизми за превенција на говор на омраза, САД ќе стојат рамо до рамо со македонскиот народ, секој четврти европеец е во финаниска криза

November 8, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија и Бугарија договорија конкретни механизми за  превенција на говорот на омраза во двете земји

Во рамки на посетата на Софија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со својот бугарски колега, Николај Милков.

На средба  беше разговарано за севкупниот контекст на односи и соработка, во светло на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и заедничките обврски кои произлегуваат од него. Беа договорени конкретни механизми за  превенција на говорот на омраза во двете земји, при што  двајцата министри заемно се согласија дека не треба да се дозволи  бројните провокации од групи и поединци во двете земји да го нарушат процесот на зајакнување на добрососедските односи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Агелер: Ќе сториме сè што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во Северна Македонија да успеат да ги прифатат и да ги надминат сите  предизвици

-Ви благодарам за срдечното добредојде во Вила Водно денес. Голема чест ми претставува да ви го предадам моето акредитивно писмо од Претседателот Бајден. Горда сум што го претставувам Претседателот и американскиот народ како Амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. Како што мислам дека знаете господине Претседател, имав голема привилегија да служам тука, во оваа прекрасна земја, чијашто култура, луѓе, јазици и историја ги засакав.

-Иднината е навистина светла, и покрај тоа што земјата се соочува со стари и со нови предизвици. Господине Претседател, денес сум овде да ветам дека нема сами да се соочите со тие предизвици. САД, Амбасадата на САД и јас ќе сториме сè што е во наша моќ да им помогнеме на луѓето во Северна Македонија да успеат да ги прифатат и да ги надминат сите тие предизвици. Ви го давам мојот личен завет дека ќе стоиме рамо до рамо со луѓето на оваа земја, така како што земјата ги остварува своите цели за мир, просперитет, безбедност и независност за сите свои граѓани“, изјави новата Амбасадорка на САД во Северна Македонија, Анџела Прајс Агелер денеска при приемот на акредитивните писма од претседателот Стево Пендаровски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија ги утврдува позициите околу Мариупол  Русија ги зајакнува своите одбранбени линии во привремено заземените области на Украина за да спречи брз напредок на украинските сили во случај тиа да успеат со пробивот, информираат од  Министерство за одбрана на Обединетото Кралство, повикувајќи се на военото разузнавање, пренесува Укринформ.

Цивилни жртви Како резултат на руската агресија, седум цивили загинаа во Украина во текот на изминатиот ден, додека уште 10 беа ранети, изјави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот Кирило Тимошенко, пренесува Укринформ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА АД ЕСМ на 07.11.2022 година произведе 10.600 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 8.949 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.651 MWh.

АКРЕДИТИВИ Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во земјава, Анџела Прајс Агелер.

Лидерска без договор Без договор за уставни измени и заеднички заклучоци, но со поединечни барања, меѓу кои и за предвремени парламентарни избори и за официјално барање од Софија за признавање на македонското малцинство, заврши лидерската средба што на иницијатива на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски се одржа вчера во Собранието.

ПРОПАГАНДА

Руската амбасада во Северна Македонија со провокација: „Косово е Србија – Крим е Русија“

Опозициската партија Алијанса за Албанците (АА) побара од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, да го повика рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин за да побара објаснување и да протестира за објавениот твит од Руската амбасада во Скопје.

АНАЛИЗА

Не e само Македонија, секој четврти Европеец е во финансиска криза

Синдикатот пресмета потрошувачка кошница од 43.000 денари или со вклучена инфлација над 51.000 денари. За една година поскапело речиси се. Најмногу храната и енергенсите. Лебот и житата се продаваат по двојно повисока цена.

Над 40% зголемување е регистрирано и кај млекото, сирењето, јајцата, маслата, мастите, течните горива. Цврстите поскапеле за 38,5, топлинската енергија за 30, гасот и електричната над 20.

За да се ублажи ценовниот удар на сила е мерката ограничени маржи на основните прехранбени производи. Но, цените и натаму растат. Затоа експертите препорачаа – по примерот на соседните земји, владата да ги замрзне цените на производите. На тој начин, според нив, ќе се заузда инфлацијата, а народот ќе има сила да го истурка месецот.

Љубомир Костовски

„Што е тука во игра кога се работи за српско-косовските односи? Па најнапред, тоа е без сомнение последното обележје по кое властите во Приштина би можеле да сметаат дека табличките го содржат последниот спомен на некогашната Социјалистичка автономна покраина Косово и Метохија, која постоеше во рамките на Социјалистичка Република Србија, федерална единица на СФРЈ. Да објасниме: владата во Приштина на српската регистарска табличка со ознаката КМ, по сила на косовските закони, сака да ги смени табличките со ознаката РКС (Република Косово).“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Косовскиот камен на преговорите се стркала надолу, каде што се наоѓаше пред десет години“.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ