• Latest

Напредок на Северна Македонија на Индексот за демократија; Делчев заслужува достоинствено чествување; хаос во српскиот парламент; Цивил со жестоко соопштение за Апасиев

February 2, 2023

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Напредок на Северна Македонија на Индексот за демократија; Делчев заслужува достоинствено чествување; хаос во српскиот парламент; Цивил со жестоко соопштение за Апасиев

February 2, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија напредува едно место погоре според Индексот за демократија за 2022 година

Според најновиот извештај на Индексот за демократија за 2022 година,  Македонија бележи подобрени резултати, и оваа година е едно место погоре, на 72 место, со вкупен резултат од 6.10 индексни поени.

Од изборите во 2016 година до денес, индексот е покачен од 5.23 на 6.10.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Спасовски: МВР ќе обезбеди мирно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

-Ниедна политичка партија не може да присвои некој лик и нечие дело. Тој му припаѓа на македонскиот народ. Единствено нешто што го заслужува Гоце Делчев е да имаме достоинствено чествување на негово дело. Ние како држава водиме политика на добрососедски односи, тука нема дилема, меѓутоа затоа бараме почит и достоинство. Од тие принципи ние не отстапуваме. Сакаме да подадеме рака на секого, меѓутоа жестоко ќе се спротивставиме доколку некој сака да ја понижи Македонија и македонскиот народ, категоричен е Спасовски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија секаде носи разурнување, терор и смрт: Целиот пекол со кој се соочуваат сега во Украина во оваа руска агресивна војна всушност не е нешто ново кога е во прашање руското разбирање на водење војна, а тоа е резултат на целосна неказнивост за ваквото руско делување на повеќе географски локации во различна временска дистанца.

Фон дер Лајен и Борел пристигнаа во Кијив: Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, денеска пристигнаа во Кијив, каде што ќе присуствуваат на самитот Украина-ЕУ.

ЦИВИЛ со жестоко соопштение за Апасиев

ЦИВИЛ излезе со жестоко соопштение против говорот на омразата на Апасиев и неговата Левица. Меѓу другото, во соопштението се вели:

„Сите ќе ве стреламе“ и „Децата крв ќе ви плукаат“ се само дел од скандалозниот, екстремен и заканувачки „асортиман“ на овој политичар. Тој стана познат и како таков ќе биде запаметен: вулгарен, валкан и насилен. За него е познато дека застапува и се обидува да спроведе идеи и концепти што се целосно спротивни на демократските принципи и стратешките определби на земјата.

ЛИНК до соопштението

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАВРЕДИ КОН НОВИНАРИ  „Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), најостро го осудува наративот на јавното омаловажување и говорот на омраза на кој бевме сведоци изминативе неколку дена на социјалните мрежи упатени кон новинарот Борјан Јовановски“, се вели во соопштението на ЗНМ

ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА  Инфлацијата во еврозоната се намали и во јануари и се лизна на 8,5 отсто, благодарение на многу поблагиот раст на цените на енергенсите, покажаа првите проценки на Евростат во средата.

ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА Министерот за здравство, Беким Сали со објава преку својот  Фејсбук профил информира дека се очекува во текот на утрешниот ден да биде донесена одлука за обезбедување средства за лекот Трикафта за 30 пациенти со цистична фиброза.

ИНВЕСТИЦИИ Инвестициите, иновациите, технолошкиот развој, енергетиката и туризмот, беа само дел од темите на денешната 6. седница на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Република Турција со која претседаваа министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за млади и спорт на Република Турција Мехмет Муарем Касапоглу.

КОРИДОР 8 Очекуваме оваа година да започнаме градежна офанзива за изградба на западниот дел на Коридор 8 и Коридорот 10-д, рече денеска министерот за транспорот и врски Благој Бочварски, по потпишувањето на договорот со италијанската ИРД инжинеринг, компанијата избрана за надзор и правен трансакциски советник  за четирите автопатски делници во должина од над 120 километри што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

РЕЗОЛУЦИЈА Народното собрание на Бугарија денеска без дискусија усвои декларација во која „се осудуваат антибугарските пројави во Република Северна Македонија“. Декларацијата беше поддржана од 185 пратеници, а еден беше воздржан

РЕГИОН

СРБИЈА Целосен хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред се Двери и Заветник, се упатија кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Прво извикувале „предавство, предавство“, „Косово е срцето на Србија“, а потоа отишле на местото каде што седел.

КОСОВО Косовскиот премиер Албин Курти  денеска на седница на Собранието на Косово, изјави дека формирањето на Заедницата на општините со српско мнозинство може да се разгледа под неколку услови – меѓу другото, тоа „мора да биде во согласност со Уставот и законите кои се во сила во Република Косово

БУГАРИЈА Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска го распушти парламентот на земјата и најави предвремени избори за 2 април.

ГРЦИЈА Дилемата на изборите е демократија или Мицотакис, порачал лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА Алексис Ципрас за време на неговиот говор во атинска населба.

СВЕТ

ЕУ Европскиот парламент денеска одлучи да им ги укине имунитетите на европратениците Андреа Коцолино и Марк Тарабела, поврзани со истрагата која стана позната како „Катаргејт“.

ФИЛИПИНИ Филипините ѝ одобрија на американската армија проширен пристап до нејзините воени бази, во напорите на САД да одговорат на зголеменото воено присуство на Кина во Јужното Кинеско Море.

АВСТРИЈА Австрија протерува четворица руски дипломати поради наводно однесување кое не е во согласност со меѓународните договори, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи..

АЛ-ПРЕС

Во Албанија не стивнува интересот за аферата „Мекгонигал“ и евентуалната поврзаност со Рама, како и мигрантите кои со сплавови влегуваат во Британија а притоа плаќаат големи суми. Ова е само дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Соочување со реалноста во обликување на иднината

„Историјата и сеќавањата се исклучително присутни во животот на луѓето во Република Македонија. Настаните од минатото се толкуваат на мошне голем број начини кои се преклопуваат и доаѓаат во судир еден со друг во зависност од етнорелигиската и националистичката политика во земјата. Остатоците од крутите и назадни идеологии од минатото измешани со новооткриените националистички чувства, вредности и идентитети имаат силно влијание врз политиките и праксите на службените нивоа, како и врз културата, медиумите и образованието“, стои во предговорот на публикацијата „Соочување со реалноста – сеќавање на минатото, обликување на иднината“, објавена во 2014 година од ЦИВИЛ и Форум Цивилен мировен сервис – Македонија.

 

ES – PRESS – O

Нема иднина општеството што живее во заматено и затруено минато

Неспособноста на општеството да се соочи со минатото, значи и неспособност да ја организира сегашноста, а ниту да се насочи кон иднината. Такво општество, едноставно, нема иднина. Затоа… Изјавите во интервјуто со поранешниот учесник во воениот конфликт во 2001 година, Стојанче Ангелов, не можат да послужат како пример за соочување со минатото, ниту, пак, за придонес кон процесите на помирување. Најмалку можат да посведочат за капацитет за градење на иднината. Не мора многу да се анализира. Доволно е да се фрли поглед на тоа какви реакции предизвика, пишува Џабир Дерала.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

 

Војо Маневски

Правосудни состојанија

Со измените за законот за јавните обвинителства положбата на обвинителството требаше битно да се измени и да се зајакне неговата работа со истражните органи во целиот процес на истрага околу претпоставените прекршоци на законот. Колку од тоа заживеа просудете сами, а на располагање ви сѐ разни ранг листи од меѓународни организации кои се занимаваат со мониторинг над работата на обвинителствата. Важна е и преставата за работата на овој витален орган на државата која кај нас е на најниски гранки од независноста, пишува Војо Маневски.

.

 

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиизјавиполитикарегионСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ