• Latest

Соочување со реалноста во обликување на иднината

February 2, 2023

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Соочување со реалноста во обликување на иднината

February 2, 2023 14:01
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Историјата и сеќавањата се исклучително присутни во животот на луѓето во Република Македонија. Настаните од минатото се толкуваат на мошне голем број начини кои се преклопуваат и доаѓаат во судир еден со друг во зависност од етнорелигиската и националистичката политика во земјата. Остатоците од крутите и назадни идеологии од минатото измешани со новооткриените националистички чувства, вредности и идентитети имаат силно влијание врз политиките и праксите на службените нивоа, како и врз културата, медиумите и образованието“, стои во предговорот на публикацијата „Соочување со реалноста – сеќавање на минатото, обликување на иднината“, објавена во 2014 година од ЦИВИЛ и Форум Цивилен мировен сервис – Македонија.

Контекстуално, проблематиките што ги опфаќа самата публикација, сѐ уште се актуелни во денешниот општествено-политички дискурс, влијаејќи на секојдневието на граѓаните чии погледи повторно се враќаат кон минатото, отколку да се фокусираат на иднината.

Тоа повикување на духови од минатото во денешниот контекст е како фаќање за сламка на давеник кој знае да плива, ама глуми за да ги прекрие самоубиствените нагони. Или евоцирање минати времиња за поткопување на иднината, чиј пат е јасно зацртан, со цел градење историја на сегашноста која слепо ќе се потпира на грешките од минатото. И со тоа наместо соочување, се копи –пејстира идејата дека неправдите во минатото, ќе се исправат во сегашноста, за да се обезбеди иднината.

Публикацијата „Соочување со реалноста“ имаше цел да покаже како филтерот на историјата, она што фактички се случило, она што всушност се учело, преку она што се доживеало и како тоа се сервирало на менито на секоја нова генерација што доаѓа, влијае на сегашноста, реалноста која ја преживуваме. И како, тоа би ја обликувало иднината.

„Како еден од ретките „спојувачи” за етничките групи, во политички и академски документи како и на одредени настапи се споменува Илинденското востание од 1903 година против османлиското владеење. И покрај извесната легитимна надеж, дека (заедничкото) востанието против османлиското владеење може да функционира како референтна точка за заеднички идентитет на етничките групи во Македонија – постојаните недоразбирања во однос на овој историски настан помеѓу етничките заедници во земјата, како и помеѓу македонската и бугарската влада, фрла темна сенка врз оваа надеж. Тоа покажува: каков било вид на идентитет изграден врз линии на етничка демаркација е осуден на пропаст.

Исто така, ова укажува и на слабостите на целиот пристап на сегашните минатоуправувани политики во Македонија – и тоа од двете етнички страни. Каков било вид на политика која се фокусира на процесите на градење на нација од 19 и почетокот на 20 век, во обид да ја негува доцнежната изградба на нацијата, претставува анахронизам – што може само да им служи на краткорочните потреби на етничките политички претприемачи преку зајакнување на политиките на исклучување, но воопшто не е во согласност со мултиетничкиот карактер на земјата и сосема е спротивно на нејзината прогласена европска ориентација. Не во постнација-држава од 21 век. Повеќе од очигледно е дека ваквите минатоориентирани политики во Македонија претставуваат обид да се контролира сегашноста и иднината на земјата“, се вели во предговорот на публикацијата.

И девет години подоцна, кога европската интеграција и иднина е сегашна реалност за Северна Македонија, наместо соочување со минатото имаме ист националистички, претприемачки, дух кој врз грбот на идентитетските прашања внатре и надвор во корелација со соседни држави, се обидува да ја контролира народната матрица да не излезе од делокругот на нивниот замислен идеален светоглед.

Публикацијата претставува сведок на едно време кога рушењето на режимот на Груевски требаше да биде пресврт во македонската историја и конечно давање простор на демократските вредности да испливаат на површина. Сепак, истовремено сведочи дека од денешна перспектива, остатоците од истиот не помалку се опасни во нивниот обид за реформирање. Иако, свесно или несвесно нивните идеи за реформи би ја ставиле земјата во најмала рака во статус кво позиција, отколку да ја турне три чекори напред кон европската иднина.

Б. Јордановска

Tags: контекстПубликацијасоочување со реалностаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ