„Што се однесува на граѓанското општество, сметам дека граѓанското општество беше еден од главните столбови за промените во последните 7-8 години кога и почнаа првите чекори против тогашната власт, и од тука произлегува таа разлика и свесност и тоа што денес го нарекуваме европски вредности. И во европските земји на промена почнаа за почитување за веќе нарушеното достоинство“, истакна Самет Шабани од Хоризон Цивитас на панел дискусија на ЦИВИЛ на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?
„Граѓанското општество беше прв столб за стимулирање на една таква промена и со тоа играше позитивна улога во последните 7-8 години. Сега како тренд е евроинтеграцијата и тоа што европската интеграција ја сметаме на ниво на институционална интеграција, а главната улога треба да ја игра граѓанското општество.
Европската интеграција не е само процес на институционално ниво само да бидеме интегрирани, но треба да бидеме на општествено ниво да сме интегрирани а после и институционално. ЕУ е резултат за борба за европските вредности“, додае Шабани.
И. Крџиќ