„Мислам дека на некој начин, кај нас, триесет години веќе поминаа, за жал, се уште е „топик тренд“ дека се уште треба да зборуваме на оваа тема, што покажува дека имаме појава на сегрегација како што спомна и колешката од Тетово, се уште го гледаме трендот, на пример и при купување на имоти, тоа оди според начелото “да видиме дали има повеќе наши таму“, а под „наши“ подразбираме етничка припадност, и ова покажува дека најверојатно треба да се смени начинот на имплементирање на активности или проекти на темава, бидејќи триесет години наназад зборуваме за истата тема“, вели Самет Шабани на панелот на ЦИВИЛ „Мултикултурализам, дискриминација и толеранција кај младите“.
Во однос на мултикултурализмот и начинот на живеење за младите родено по конфликтот во 2001, Шабани вели дека семејството е тоа кое треба да ги учи младите генерации дека живееме во мултикултурно општество.
„За тоа дека живееме во мултикултурно општество и според тоа така и треба да се однесуваме, се одговорни семејствата на помладите генерации, од тука почнува почитувањето на различноста. И дека во минатото сме имале такво искуство, но дека треба да остане во минатото, успеавме да најдеме политичко и општествено решение“ вели Шабани.
Во однос на владината Стратегија „Едно општество за сите“, Шабани вели дека е добро што постојат такви стратегии, но и дека мора да се запази одредена „хиерархија“ во текот на имплементацијата.
„Имплементацијата на стратегијата „Едно општество за сите“ треба да почне од „последната“ алка на некаква хиерархија, а тоа е наставниот кадар. Потребно е наставниот кадар да ја сфати и прифати, и потоа да се обучи за оваа стратегија.
Во развиените земји, 70-80% од буџетот на одредена јавна политика се насочува на истражување на таа анализа, а 20- 30% са насочува кон имплементација на таа политика, додека од невладиниот сектор се бараат истражувања и препораки за истите, но на крајот, освен што им заблагодаруваат на НВО-ата, не се постапува по тие препораки“, посочи Шабани.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети