• Latest
Јагода Шахпаска, извор: МТСП

Шахпаска: „Едно општество“ не може да изградат само политичарите, важна е вербата на сите нас

December 18, 2021
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Шахпаска: „Едно општество“ не може да изградат само политичарите, важна е вербата на сите нас

Важна е вербата на сите нас. На носителите на одлуки како најодговорни, на невладините организации како коректор на власта. Но, пред сè, на сите граѓани. Одговорноста за изградбата на концептот Едно општество за сите е одговорност на секој граѓанин во нашата земја - порачува министерката Шахпаска на Конференцијата „Перспективи 2022“

December 18, 2021 09:09
in ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Јагода Шахпаска, извор: МТСП

Јагода Шахпаска, извор: МТСП

Share on FacebookShare on Twitter

На панел – дискусијата „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“, која се одржа на 15 декември 2021 како дел од годинешното издание Конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, преку специјално интервју на оваа тема учествуваше и министерката за труд и социјална политика во Владата на Северна Македонија, Јагода Шахпаска.

Каква е состојбата со спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“? Каде има напредок, кои се слабостите и предизвиците во годината што изминува? Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за 2022 година? Овие прашања им беа поставени на сите учесници на панелот, претставници на институциите и граѓанскиот сектор од неколку ресори и области.

Меѓу позначајните постигнувања, министерката Шахпаска истакнува дека во јануари 2021-ва беше усвоен новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство што произлегува од ратификација на Истанбулската конвенција, а подготвени се и најголем дел од подзаконските акти, кои ги дефинираат јасно сервисите за жртвите, но и одговорноста на сторителите.

За инклузијата на лицата со попреченост, пак, таа вели дека е горда што годинава е поставена апликацијата со Аудио читач на македонска верзија – Кико, и албанската верзија – Хана, кои овозможуваат разбирање и слушање на слика или текст за лицата со оштетен вид.

„На тој начин, овозможуваме нивно секојдневно вклучување во општествените текови на иста основа како и за останатите граѓани“, објаснува министерката за труд и социјална политика.

Шахпаска вели дека лицата со попреченост се високо на агендата на МТСП. Таа објаснува дека се воведува и нов концепт на проценка на попреченоста согласно Меѓународната класификација на функционалноста, со кој таа се дефинира како човеково право.

„Продолживме со процесот на деинституционализација и веќе отворивме 4 куќи, мали групни домови, во коишто се сместени лица коишто беа сместени досега во Заводот во Демир Капија“, посочува Шахпаска.

Во однос на ранливите категории, министерката за труд и социјална политика исто така информира дека се воспоставени социјални услуги, секојдневна помош и нега во домот за 900 стари лица обезбедени од 300 лиценцирани даватели на услуги.

„На тој начин, придонесуваме за подобрување и олеснување на животот на старите лица, а од друга страна, овозможуваме вклучување во пазарот на трудот на тешко вработливи лица, со ниски квалификации и вештини кои се долго време отсутни на пазарот на трудот“, вели Шахпаска.

Шахпаска исто така го потенцираше успехот со изградба на 15 нови градинки, од кои 10 се во рурални средини, што овозможува децата да се згрижат во најсовремени услови, со најсоодветно воспитување и подигање  во раната детска возраст, а мајките, кои традиционално се грижат за нив, да бидат активно вклучени на пазарот на трудот.

Минстерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, интервју за конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2022“, декември 2021

Во однос на предизвиците со ранливите категории кои живеат на работ на сиромаштијата во овие времиња на пандемија, министерката Шахпаска вели дека системот е поставен да ги апсорбира и да одговори на нивните потреби.

„Ние, во услови на пандемија, овозможивме бројот на домаќинства кои се вклучени во системот на социјална заштита како приматели на гарантирана минимална помош – (системот) да ги прифати. И, оваа година, 2021-ва, овој број изнесува некаде околу 8.500 дополнителни домаќинства од почетокот на пандемијата до денес“, посочува Шахпаска.

Според министерката, сето ова говори дека како Влада и МТСП, силно веруваат во концептот „Едно општество за сите“. Истото се однесува и кога зборува за припадниците на ЛБГТИ заедницата.

„Оваа година по вторпат бевме дел од Парадата на гордоста во знак на поддршка на лицата коишто се дел од оваа група. Продолжуваме и понатаму со политиките коишто навистина ќе придонесат за целосна импементација и остварување на овој концепт“, нагласува Шахпаска во интервјуто за „Перспективи 2022“.

Во однос на предизвиците и она што не очекува во 2022 година, министерката за труд и социјална политика вели дека се очекува донесување на важниот закон за родова еднаквост, за кој вели дека е сериозна придобивка што ќе воспостави родов баланс во општеството. Преку системски обуки, ќе се воведува и пристап на родово одговорно буџетирање на национално и локално ниво.

Се работи и на Законот за работни односи, кој треба да донесе намалување на законскиот рок за работа на определено време од сегашните 5 години на пократок рок усогласен со работодавачите и работниците, како и иста плата за иста работа – и за мажи и за жени. Ќе се воведува и можност за родителско отсуство за татковците да можат да учествуваат во подигањето на децата во првата година од животот. Ќе се продолжи и со политиките за вработување, кои, како што посочува Шахпаска, годинава донеле до историски најниско ниво на невработеноста од 15.9 проценти.

„Кога говориме за концептот Едно општество за сите, јас велам секогаш дека убавината на величенствениот мозаик, на ова наше општество, ја прават токму различностите. А нема поголема придобивка од тоа да ги прифатите, да ги почитувате и да ги негувате, како предуслов за градење на едно вистинско демократско општество, едно општество коешто стреми да биде членка на големото европско семејство кое точно се заснова на овие фундаменти“, смета Шахпаска.

Таа вели дека овој концепт не може да го изградат само политичарите, ниту се гради само со законски решенија, туку е важна неговата имплементација.

„Важна е вербата на сите нас. На носителите на одлуки како најодговорни, на невладините организации, како еден сектор којшто е коректор на власта, на начинот на кој власта се практицира. Но, пред сè, на сите граѓани, уште при подигањето на нашите деца, на нашите семејства, треба да ги воспитуваме дека секоја различност е вредност и богатство сама по себе, и дека кога децата растат со прифаќање на тие различности, тие се градат во академски граѓани, интелектуалци коишто таа различност понатаму ја продлабочуваат – градат мостови на пријателство. И оттука, одговорноста за изградбата на концептот Едно општество за сите е одговорност на секој граѓанин во нашата земја“, порачува министерката Шахпаска во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа и Конференцијата „Перспективи 2022“.

 

интервјуираше: Петрит Сарачини

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ