• Latest

Шаќири: Градиме образовен систем кој ги насочува младите кон почитување на различностите

March 24, 2022
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Шаќири: Градиме образовен систем кој ги насочува младите кон почитување на различностите

March 24, 2022 15:15
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Новата концепција за основно образование, наставните програми и учебниците кои истата ги предвидува, а се изработуваат етапно, ги насочуваат генерациите наместо кон меѓуетничка нетрпеливост, нетолерантност и говор на омраза, да се фокусираат на сосема спротивното, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на седницата на Комитетот за односи меѓу заедниците, пренесува МИА.

На седницата беа презентирани резултатите од студијата „Говорот на омраза како валута на национализмот: Институционален одговор во Северна Македонија“, спроведена од Институтот за демократија.

Според министерот, свеста дека примената на говор на омраза може да создаде сериозни последици во односот помеѓу поединци, помали и поголеми општествени групи и да го наруши мирот во државата, сé повеќе расте.

– Така и успеваме да се трансформираме од општество во кое на почетокот на вториот милениум, токму поради етничка нетрпеливост, нетолеранција и говор на омраза поттикнат од национализам се случи воен конфликт, во мирно општество кое е едно и еднакво за сите, додаде Шаќири.

 

Како што потенцираше министерот, оваа трансформација на општеството не е настаната сама по себе, односно факторот време не би бил доволен доколку не само институциите на системот, туку и граѓанскиот сектор, домашните и меѓународните организации и сите други чинители, не преземале и не преземаат конкретни чекори и активности за градење на хармонична средина за живеење во која сите ќе чувствуваат подеднаква припадност.

Тој информираше дека промените кои МОН ги прави во основното образование во моментов, меѓудругото се базирани и токму на овие вредности.

– Новата концепција за основно образование, наставните програми и учебниците кои истата ги предвидува, а се изработуваат етапно, ги насочуваат генерациите наместо кон меѓуетничка нетрпеливост, нетолерантност, говор на омраза и така натаму, да се фокусираат на сосема спротивното. Затоа што само така ќе созреат како добри луѓе и мирољубиви граѓани кои во различностите ќе гледаат предност и можност за обедување, а не бариери и причини за поткопување на одредени лични или општествени релации, односно односи помеѓу поединци и групи, потенцираше Шаќири.

Притоа, како што напомена тој, фокусот е ставен и на едукацијата на младите за препознавање на лажни вести, затоа што секогаш ќе има индивидуи на кои им оди во прилог или едноставно посакуваат нарушување на меѓуетничките односи, па со креирање на невистини и нивно објавување ќе се обидуваат да стекнуваат сојузници во заложбите за создавање тензична атмосфера.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ