• Latest

Шалтерот на меѓуопштинскиот центар без внатрешен простор за барателите – редици за социјална помош на дожд, снег и горештина

March 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шалтерот на меѓуопштинскиот центар без внатрешен простор за барателите – редици за социјална помош на дожд, снег и горештина

Речиси сто илјади жители од Чаир и Бутел своите социјални права ги бараат пред институција во која редот за помош се чека надвор – на дожд, снег и горештина.

March 12, 2026 11:23
in СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Меѓуопштински центар за социјална работа Бутел-Чаир, место во кое граѓани од две општини бараат услуги и помош за свои социјални потреби- од социјална помош за образование на децата, додатоци за трето дете, помош за туѓа нега и уште куп други услуги, односно права кои им припаѓаат на граѓаните од ранливи категории. Како и сите социјални центри низ државата.

Зошто го спомнувам токму центарот Бутел-Чаир а не и другите? Затоа што имав потреба да доставам документи во меѓуопштинскиот центар, и се најдов таму за прв пат. Можеби и другите центри имаат слична пракса на опслужување, но немам точни информации, читателите ќе знаат според општините во кои живеат.

Социјалниот центар е поставен во еден од старите објекти поранешниот Центар за згрижување деца со воспитно социјални проблеми, 25 Мај, кој пред неколку години се затвори, а во дел од просториите во објектите сега се  поместени полициската станица Бутел, и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Бутел-Чаир.

За полициската станица дознав минатиот месец, кога отидов да си ја подигнам личната карта, откако отидов во стариот објект и видов дека тука веќе не постои станицата туку е преместена на друга локација. Новата полициска станица Бутел е во дел од објектот на поранешниот Дом за деца 25 Мај, се влегува и чека внатре, реновирано, чисто, скромно, но ново.

За разлика од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, со еден шалтер кон кој барателите на услуги- граѓаните чекаат на ред надвор! Поставеноста на шалтерот е неколку скали подолу на самиот влез, веројатно некои метар до два колку да застанеш пред шалтерот кој е на ниво на колената, па треба да се наведнеш и да застанеш со рацете на таблата од иверица поставена на надворешната страна од шалтерот, со поглед на задната страна од компјутерот и раката на службеничката- на маусот, не можеш да го видиш лицето, а ако имаш проблеми со половината, нозете, грбот, или вртоглавица, треба некој друг наместо тебе да оди да заврши работа.

Чекањето пред шалтер се одвива надвор пред објектот, во секакви временски услови – од 40, 30, 20 или минусни степени, и кога врне и кога вее и кога е тропска горештина.

Веднаш до шалтерот, има влезна врата – од минатиот век или од кога е изграден објектот, од каде што службениците, откако едвај успеваат да ја отворат одвнатре, ги повикуваа граѓаните за одредени услуги.

Зошто го пишувам ова?

Затоа што Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Бутел-Чаир не опслужува мала група луѓе. Според пописот на населението од 2021 година, во општина Чаир живеат околу 57 илјади жители, а во општина Бутел околу 37 илјади жители. Тоа значи дека овој центар е институција во која своите права и услуги потенцијално ги бараат речиси сто илјади граѓани.

Чаир е една од најгусто населените општини во државата, со многу млади семејства и голем број деца, додека Бутел опфаќа населби со различна социјална структура – од урбани до периферни делови, во кои дел од граѓаните се соочуваат со економска несигурност, невработеност или потреба од социјална поддршка.

Токму затоа социјалниот центар не е само административна институција. Тоа е првата врата на државата за луѓето кои имаат најголема потреба од помош – родители кои бараат додатоци за децата, лица со попреченост кои остваруваат право на туѓа нега, семејства кои зависат од социјална помош.

И, ако државата се мери по тоа како се однесува кон најранливите, тогаш прашањето не е зошто граѓаните чекаат пред шалтер на дожд, снег или горештина, туку зошто грижа на државата за ранливите категории останува само на зборовикога се работи за достоинството на граѓаните, а во ралноста, ги остава да чекаат пред институциите што треба да им помогнат.

Начинот на кој изгледа редот пред оваа институција зборува повеќе за состојбата на социјалната грижа отколку сите стратегии, програми и декларации за неа.


Текстот е личен став на Авторката.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ