„Пристапноста треба да се реши за лицата со хендикеп и не само за лицата со хендикеп. Има една изрека што вели: „Она што е добро за лицата со хендикеп е добро за сите“, вели Звонко Шаврески, претседателот на Полио Плус, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа, кои се 5-те најголеми проблеми што треба да ги реши идниот градоначалник?
„Со пристапноста ќе се реши проблемот и со велосипедските патеки, ќе се реши проблемот на мајките што ги шетаат децата во количка, оние што носат роба… Многу работи ќе се решат со решавање на навидум мала работа, но е огромна, затоа што кога нештата се непристапни ти си исклучен од нив. Кога си исклучен ти не можеш ниту да уживаш, ниту можеш да го дадеш својот придонес“, додава Шаврески.
Текст и монтажа: Дехран Муратов
камера: Игор Чадиноски