• Latest

Шекеринска: Ќе се зголеми потенцијалот на Криволак и Македонија

July 6, 2018
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Ќе се зголеми потенцијалот на Криволак и Македонија

July 6, 2018 12:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Очекуваме дека со членството во НАТО ќе се зголеми потенцијалот на Криволак и Македонија. Тоа ќе биде добро за имиџот на Македонија, за економијата на земјата, но и за економијата на регионот. Ова го истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска на воениот полигон „Криволак“, каде свечено беше затворен меѓународниот „Летен кампус 2018“, на кој учествуваа 11 држави, одговарајќи на новинарско прашање дали по поканата повеќе ќе се користи полигонот од НАТО сојузниците. 

– Полигонот Криволак е еден од капацитетите кои Македонија ги има да ги понуди и на НАТО алијансата и на нашите партнери. И досега сме изведувале заеднички вежби со неколку земји од регионот и со неколку земји со кои имаме партнерства. Меѓутоа нашето членство во НАТО ќе стави поголем акцент и на оваа можност. Ова ќе ни ја даде шансата да ја претставиме Македонија како земја која не бара, туку и земја која што има што да понуди. И уште оваа година, ќе имате прилика и во текот на јули месец да видите дека еден дел од специјалните сили на Америка ќе водат заеднички вежби, тука на Криволак. Очекуваме во текот на оваа година, ова лето да имаме дополнителни американски војници кои се присутни во регионот, да вежбаат заедно со македонските војници, нагласи Шекеринска.

Шекеринска Криволак

Таа потсети дека Македонија работеше и работи да ги исполни сите критериуми, да ги исполни сите стандарди.

– И ова што денеска го видовте е само еден од тие примери. Дека македонската Армија, дека Воената академија и Министерството за одбрана навистина прават се да обучат модерна армија, армија која ќе биде членка на НАТО алијансата, да ги обучат новите генерации питомци и идни офицери, кои практично целата своја кариера ќе ја развиваат во рамките на НАТО сојузот, рече министерката.

Денеска, додаде, ова беше пример и на тоа колку Македонија работи на подобрување на своите контакти и својата соработка со сите соседи.

– Овде беа присутни питомци и инструктори од 11 земји од регионот и некои од нашите стратешки партнери. Покажавме дека знаеме да соработуваме не само како партнер, туку како и членка на НАТО алијансата. Летниот кампус кој што веќе создаде традиција е исто така и дел од т.н паметна одбрана. Тоа значи дека Македонија има капацитет кој што го нуди на земјите во регионот, на нашите партнери и сојузници, капацитет со кој навистина можеме да бидеме задоволни. Денеска пред нас беа околу 120 млади луѓе, воглавно од регионот кои покажаа дека можат да соработуваат, дека тоа можат да го прават во тешки ситуации и дека тоа можат да го прават и во критични ситуации кога заедно сме појаки, изјави Шекеринска за медиумите.

Нагласи дека тоа е мотото не само на НАТО, тоа е мотото и на желбата на Македонија да стане член на најмоќната воено политичка алијанса во светот.

Во рамки на церемонијата, се одржа и тактичка вежба „Сеопфатен пристап кон мировните операции“.

Криволак

Меѓународниот проект „Летен кампус 2018“ има за цел да ја доближи до младите питомци и идни мировници комплексноста на идните предизвици во постконфликтните операции. Се одржуваше во периодот од 26 јуни до денеска, во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“ и вклучува повеќе од 120 учесници од 11 држави, питомци од Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Романија, САД, Косово, Хрватска, Црна Гора и Република Македонија како домаќин.

Во денешната вежба беше претставена постконфликтна состојба и акции за зачувување на мирот. (МИА)

Tags: КриволакМакедонијаРадмила Шекеринска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ