• Latest

Шекеринска: Набавката на вакцините е проблем со кој се соочуваат и најголем дел од НАТО – земјите и ЕУ

March 1, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Шекеринска: Набавката на вакцините е проблем со кој се соочуваат и најголем дел од НАТО – земјите и ЕУ

March 1, 2021 12:03
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Целта ни е час поскоро да обезбедиме функционална вакцина. Со исклучок на САД и Обединетото кралство сите други држави во НАТО се соочуваат со предизвикот како да обезбедат повеќе вакцини и побрзо. И во таа смисла сме дел од светскиот проблем, изјави денеска во Касарната Ѓорче Петров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Врската помеѓу вакцините и НАТО  не мислам дека е најлогичната, но се разбира станува збор за прашање коешто има и безбедносни компоненти. И на последниот состанок неколку од земјите се изјаснија дека сите се соочуваме со сериозен недостиг на најважното прашање коешто денеска е во цел свет, а тоа се вакцините. Би рекла со исклучок на САД и Обединетото кралство сите други држави во НАТО се соочуваат со предизвикот како да обезбедат повеќе вакцини и побрзо. И во таа смисла сме дел од светскиот проблем. Особено  тешко е за мали држави коишто во моментот кога ќе седнете со производителите се многу мал фактор заради тоа што бројките кои нам ни се потребни се можеби за некоја од големиве држави статистичка грешка, едно маало да го вакцинираат, меѓутоа затоа на масата е потешко да седнете дури и ЕУ во преговорите со производителите се соочи со сличен проблем и дури  сега гледате дека се прават паралели што е она што функционирало кај поединечните земји, а што не профункционирало во европскиот механизам, рече Шекеринска на новинарско прашање колку е дозволиво една држава членка на НАТО се уште да нема вакцини и по примопредавањето на американска донација од 1.269 автоматски пушки М-4 за потребите на Армијата на Република Северна Македонија во касарната во Ѓорче Петров..

Ова е најважно прашање и за сите нас, додаде таа, и нагласи дека целта е набавка на функционална вакцина што поскоро.

-Целта ни е и видовте тоа во последните чекори  час поскоро да обезбедиме функционална вакцина. И ќе ги правиме и ќе ги преземеме сите чекори коишто ќе не донесат поблиску до целта. Но велам се соочуваме со проблем со којшто се соочуваат најголемиот дел и од НАТО земјите членки, а да не зборувам за други земји во светот,  рече Шекеринска.

На прашањето што точно ќе се преземе да се реши проблемот и за вратениот капар за кинеските вакцини, додека се усогласуваат деталите, Шекеринска  посочи дека тоа не е во нејзиниот сегмент на работа, но нагласи дека Владата е транспарентна и не ги крие информациите од јавноста и проблемите со коишто се соочуваме.

-Вие ги слушате истите фрустрации, истото незадоволство и истите проблематични чекори кај  најголемиот дел од земјите членки на ЕУ, најголемата група на земји која што во принцип се сметаше дека ќе го диктира темпото во овој период. Но дури и тие се соочија со проблеми со дел од производителите и со обезбедување на потребните количини. Она што е добро дека барем здравствените работници кои се на првата линија на фронтот успеаја благодарејќи на оваа донација  да обезбедат дополнителна заштита. Добро е што МЗ и групата за имунизација направиле добар план. Ние го дискутиравме на Влада. Армијата е во втората фаза на вакцинирањето заедно со полицијата. Мислам дека приоритетите коишто ги поставивме се објективни и нудат шанса тогаш кога ќе ги имаме овие количини работите да течат побрзо, рече министерката Радмила Шекеринска.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ